Достапни линкови

Граѓаните не веруваат во предизборните ветувања


Александар Цветкоски, претседател на НВО АГТИС.
Александар Цветкоски, претседател на НВО АГТИС.

Граѓаните генерално не им веруват на програмите на политичките партии, а партиските и личните интереси на кандидатите и политичарите воопшто, се основа за креирање на нивните изборни програми, покажува истражувањето на невладината организација АГТИС.

Граѓаните генерално не им веруват на програмите на политичките партии, а партиските и личните интереси на кандидатите и политичарите воопшто, се основа за креирање на нивните изборни програми. Политичарите средбите со нив ги користат само за агитација, а не и да ги чујат нивните реални проблеми и да преземат иницијативи за реализација на проекти кои се од интерес за граѓаните.
Дали некоја партија ве прашала за ваше мислење околу приоритетите кои треба да се напишат во програмите, 66,9% одговориле дека не се контактирани.
Александар Цветкоски, претседател на НВО АГТИС.

Овие се главно констатациите од анкетата што невладината организација АГТИС ја реализираше од 28 февруари до 6 март годинава. На прашалникот одговориле 944 граѓани, а тоа се 4 промили од целокупното население во 9-те пелагониски општини, според пописот од 2002 година.

„Дали некоја партија ве прашала за ваше мислење околу приоритетите кои треба да се напишат во програмите, 66,9% одговориле дека не се контактирани, барем главните политички партии, дека тие ја поминале секоја куќа и сите луѓе ги контактирале за нивните мислења, односно одевме до таму дека програмите ќе се прават по желбите на граѓаните“, вели Александар Цветкоски, претседател на НВО АГТИС, соопштувајќи ги резултатите од анкетата.
42,6% тоа го слушнале на телевизија, 27.4% на партиски средби, околу 20% чуле на радио, а фејсбукот со 19,1% веќе зема високо место и има значителен напредок од порано.
Александар Цветкоски, претседател на НВО АГТИС.

Најмалку, околу 18 отсто биле контактирани граѓаните на Битола, а во Прилеп, Ресен и Крушево тој процент е над 30 отсто. Над 74 отсто анкетирани сметаат дека политичарите ги користат сите средби само за лични интереси и до нив не допира мислењето или проблемите на жителите.

„На прашањата дали се доволно информирани што кандидатите ветуваат на овие избори, одговорите се поделени на: да, прилично, малку и не, скоро на по една четвртина“, додава Цветкоски.

Според анкетата, се поголемо место во медумите преку кои граѓаните добиваат информации заземаат социјалните мрежи.

„42,6% тоа го слушнале на телевизија, 27.4% на партиски средби, околу 20% чуле на радио, а фејсбукот со 19,1% веќе зема високо место и има значителен напредок од порано“, истакнува претседателот на АГТИС.

Околу 45% анкетирани не им веруваат на политичарите, а само 17 отсто одговориле потврдно.

„Дали мислам дека кандидатите го ветиле она што е најбитно за општината, одговориле со НЕ 41.6%, а само 30% одговориле дека е ветено она што е најважно за општината“, вели Цветкоски, презентирајќи ги одговорите од анкетата.

Инаку овој прашалник е дел од проектот „Градоначалникот не е златна рипка“, проект на оваа невладина организација, кој се спроведува неколку месеци со цел што поголема транспарентност на изборните програми на политичарите кои учествуваат во изборната трка, а од друга страна што поголема информираност на гласачите и осуетување на изборните трикови на политичките субјекти, користени во минатото. Оваа анкета на АГТИС покажа дека во однос на минатите изборни циклуси за локална власт, граѓаните, иако не доволно, сепак многу повеќе се информирани за надлежностите на општините и градоначалниците.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG