Достапни линкови

Металург очекува пласман во Топ 16 во Лигата на шампионите


Ракометарите на Металург во недела стартуваат на новата сезона во Лигата на шампионите. Очекуваат да се повтори пласманот во Топ 16, а ако се укаже шанса, да се направи уште еден историски чекор напред.

Да се повтори најголемиот успех на македонскиот машки клупски ракомет, пласман во Топ 16, а ако се укаже шанса да се направи уште еден историски чекор напред.
Остануваат пет екипи кои ќе атакуваат на тие први четири места. Сите се гледаат во таа фаза Топ 16. Значи ќе биде тешко екипите се со изедначен квалитет. Ќе има многу интересни натпревари, изненадувања, бидејќи може секој секого да победи дали дома или во гости.
Ванчо Димовски, капитен на Металург.

Со ваква желба, ракометарите на Металург го очекуваат неделниот старт на новата сезона во Лигата на шампионите, каде што се во група со францускиот Шамбери, словенечкиот Горење Велење, данскиот Силкеборг Бјерингбро, полскиот Киелце и со рускиот Санкт Петерсбург. За исполнување на целта потребно е да се освои најмалку четвртото место, што нема да биде ни малку лесно, бидејќи, според капитенот Ванчо Димовски, со исклучок на аутсајдерот Санкт Петерсбург остануваат пет екипи кои ќе атакуваат на првите четири места.
Илустрација.
Илустрација.

„Сите се гледаат во таа фаза Топ 16. Значи ќе биде тешко екипите се со изедначен квалитет. Ќе има многу интересни натпревари, изненадувања, бидејќи може секој секого да победи дали дома или во гости. Тоа значи дека се е отворено до последното коло во нашата група.“
Малку мислам дека ќе биде потешко од минатата година, но не се предаваме, мислам дека ќе го повториме успехот.
Наумче Мојсовски, ракометар.

Слично размислуваат и другите ракометари. И тие се свесни дека ќе бидат на големи искушенија, особено откако се зголемија апетитите и на јавноста, а тимот е ослабен во однос на минатата сезона. Сепак, никој не помислува да бара алиби, а бекот Наумче Мојсовски вели:

„Секако дека има одреден притисок. Се навикна нашата публика на квалитетни натпревари, како од клуб, така и на репрезентативно ниво. Но, ќе биде малку потешко од минатата година, затоа што замина Жаре Марковиќ, единствениот шутер што го имавме на десната позиција. Тука малку изгубивме, но мислам дека ќе најдеме соодветна замена на таа позиција. Значи, малку мислам дека ќе биде потешко од минатата година, но не се предаваме, мислам дека ќе го повториме успехот.“

Во клубот од Автокоманда сметаат дека за влез во осминафиналето покрај 4-5 победи на домашен терен, доволни ќе бидат и барем два позитивни резултати од гостувањата. Металурзите веруваат дека имат сили за исполнување на тој услов, а колку е тоа реално ќе дознаеме веќе в недела (30 септември), на мечот со Шамбери. Тоа е екипа која особено на свој паркет е фаворит, но и противник кој не е непремостлива пречка.

„Се работи за една екипа која игра константно во ова натпреварување, има искуство големо. Се работи за екипа која доаѓа од Франција и знаеме што значи во светскиот ракомет. Нив ќе им ја дадам предноста на фаворит, но ние не патуваме таму за да изгубиме, туку патуваме да бидеме ние прави. Па, ако ние бидеме на нашето ниво и ги ловиме нивните грешки можам да кажам дека ќе биде се отворено на тој натпревар и дека нема да им биде лесно“, додаде Ванчо Димовски.
XS
SM
MD
LG