Достапни линкови

Името во фокусот на разговорите со Бан Ки-мун


Шефот на ОН Бан Ки-мун најави дека лично ќе се заложи кај грчките власти за забрзување на процесот за решавање спорот за името.

Спорот за името, времената спогодба и хашката пресуда беа дел од актуелните теми при посетата на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун. Првиот човек на светската организација изјави дека ќе се ангажира за почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата.
Веднаш по посетата ќе го испратам мојот специјален претставник Метју Нимиц во Грција за да објасни што разговаравме овде. Јас лично ќе се обидам да го исконтактирам премиерот Самарас за да помогнам во забрзувањето на тој процес.
Бан Ки-мун, генералeн секретар на ОН.

„Ќе вложиме максимални напори да разговараме со грчките власти. Веднаш по посетата ќе го испратам мојот специјален претставник Метју Нимиц во Грција за да објасни што разговаравме овде. Јас лично ќе се обидам да го исконтактирам премиерот Самарас за да помогнам во забрзувањето на тој процес.“

Бан Ки-мун пред пратениците рече дека достигнувањата на земјата се препознаени и забележани, додавајќи дека е охрабрен од тоа дека во Македонија, но и во регионот, видел напредок и динамика и поглед кон иднината наместо кон тоа што се случуваше во минатото.

Изјавата која ја слушнав од нашиот претседател беше дека тој очекува генералниот секретар нешто да донесе. Генералниот секретар ништо не носи, тој претседава со еден многу широк дипломатски форум како што се ОН, тоа не е светска влада, таму не се носат одлуки, во одлуките учествуваат државите членки.
Денко Малески, универзитетски професор.
Премиерот Никола Груевски на средбата со генералниот секретар изразил подготвеност за продолжување динамични разговори за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот со името. Тој на средбата со Бан Ки-мун побарал деблокирање на процесите преку почитување на одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и Времената спогодба од 1995 година, доколку грчката страна во блиска иднина не најде време за разговори. Во владиното соопштение се наведува дека и покрај различните идеи, како барање на нов прием на земјава во Обединетите нации под уставното име, Груевски рекол дека изнаоѓањето решение останува во фокус.

Политичките партии ја поздравија посетата на првиот човек на Обединетите нации. Јани Макрадули од опозициската СДСМ вели дека партијата смета дека е важно што во своето обраќање Бан Ки Мун ја споменал важноста на континуитетот на државата.

„Цениме дека е од исклучителна важност тоа што господинот Бан Ки-мун јавно потврди дека лично ќе се заложи за побрзо решавање на спорот за името, притоа повторно реафирмирајќи го многу значајното покровителство на ОН во овој процес кој има суштинско значење за евроатлантската иднина на Македонија“, изјави Јани Макрадули од СДСМ.

Политичките субјекти треба да изразат подготвеност за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение на спорот со името, вели Талат Џафери од ДУИ.

„Оваа искажана добра волја за личен ангажман на генералниот секретар на ОН, да се искористи за целосно и што побрзо изнаоѓање на конечно решение на спорот за името“, рече Талат Џафери од ДУИ.

Решението на спорот за името сепак зависи од македонските и грчките политичари, смета универзитетскиот професор Денко Малески.

„Изјавата која ја слушнав од нашиот претседател беше дека тој очекува генералниот секретар нешто да донесе. Генералниот секретар ништо не носи, тој претседава со еден многу широк дипломатски форум како што се ОН, тоа не е светска влада, таму не се носат одлуки, во одлуките учествуваат државите членки“, вели Малески.
Бан Ки-мун во посета на Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00
Директен линк
Зијадин Села од Демократската партија на Албанците изнесе забелешки за состојбата со мултиетничките права во земјава.

„Не е направено ништо друго, туку тие измени на Уставот што се направија преку Охридскиот рамковен договор се вратија уште 20 години назад. Типичен пример за тоа е употребата на албанскиот јазик“, изјави Села.

По посетата на земјава, Бан Ки-мун ќе отпатува во посета на Босна и Херцеговина, последна станица од неговата турнеја.
XS
SM
MD
LG