Достапни линкови

Вардар има сили да му се спротивстави на БАТЕ Борисов


ФК Вардар - шампион на Македонија за 2012
ФК Вардар - шампион на Македонија за 2012

Во Вардар велат дека се свесни за квалитетите на БАТЕ Борисов, но и за сопствените квалитети. Нема да ги прецениме, а сигурно нема ни да ги потцениме, велат од Вардар, пред вечерашниот дуел со првакот на Белорусија.

По петгодишна пауза, најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денеска се враќа на европската клупска сцена. Во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, црвено-црните му гостуваат на првакот на Белорусија, БАТЕ Борисов (почетокот на мечот е од 18 часот).
Доволно свесни за квалитетите на Бате Борисов, свесни и во своите сопствени квалитети, сигурно нема да ги прецениме, сигурно нема ни да ги потцениме.
Илчо Ѓорѓиоски, Вардар.

Македонскиот фудбалски шампион Вардар го одржува последниот тренинг на стадионот во Минск во пресрет на мечот со фудбалскиот клуб БАТЕ Борисов.
Македонскиот фудбалски шампион Вардар го одржува последниот тренинг на стадионот во Минск во пресрет на мечот со фудбалскиот клуб БАТЕ Борисов.
Тоа е клуб кој во изминатите пет години по двапати играше во групната фаза и од Лигата на шампионите и од Лигата на Европа, со што се избори за висок рејтинг што го прави голем фаворит во пресметката со нашиот најпопуларен фудбалски колектив. Во Вардар се свесни за тоа и ја прифаќаат улогата на аутсајдер. Но и не се согласуваат дека нивните шанси во двомечот се симболични, па пред вечерашниот дуел во Борисов најавуваат голема битка за пласман во наредната рунда.
Тие се расфрлаат со изјави, постојано читаме по весниците, дека се големи фаворити, дека сигурно ќе поминат. Да тие се фаворити, тие се Бате Борисов. Сите знаеме кој е Бате Борисов, но мислам дека нивното потценување ќе биде наша предност.
Милан Илиевски, Вардар.

„Доволно свесни за квалитетите на БАТЕ Борисов, свесни и во своите сопствени квалитети, сигурно нема да ги прецениме, сигурно нема ни да ги потцениме. Мислам дека тимот е доволно спремен и физички и ментално, ќе пробаме, во тоа можам да ги убедам сите, да ги уверам, дека ќе го вложиме сите својот максимум за да успееме да се надигруваме со БАТЕ Борисов и да поминеме после овие два натпревари понатаму“, рече шефот на стручниот штаб на Вардар, Илчо Ѓорѓиоски.

Така размислуваат и фудбалерите на нашиот шампион. Тие се убедени дека имаат сили да му се спротистават на големиот противник, за што адут им е зголемениот квалитет на играчкиот кадар, со петте засилувања во преодниот рок (Маневски, Геориев, Темелков, Шпанецот Хименез и Нигериецот Алеченву).

Покрај ова, според капитенот Милан Илиевски, дополнителен мотив за вкупен триумф, по реваншот што на 25-ти јули ќе се одигра во Скопје, им носи и потценувачкиот однос од страна на играчите и тренерите на БАТЕ Борисов.

„Тие се расфрлаат со изјави, постојано читаме по весниците, дека се големи фаворити, дека сигурно ќе поминат. Да тие се фаворити, тие се БАТЕ Борисов. Сите знаеме кој е БАТЕ Борисов, но мислам дека нивното потценување ќе биде наша предност. Патуваме добро подготвени и тактички и физички. Добро го разработивме тимот на БАТЕ Борисов, направивме тактика и за напад, но и добро да се одбраниме. Очекувањата ни се големи, веруваме во нашите квалитети и се надеваме на добар резултат и сигурно пласман понатаму“, рече Илиевски.

Инаку, утре, уште две наши екипи ќе настапат во европските фудбалски купови. Во првите натпревари од второто коло во Лигата на Европа, победникот на националниот Куп, Ренова во Куманово ќе му биде домаќин на белорускиот Гомел, а вицешампионот Металург ќе му гостува на полскиот Рух Хозоф.
XS
SM
MD
LG