Достапни линкови

Грција во или надвор од еврозоната?


Во Атина без многу оптимизам продолжуваат преговорите за состав на влада. По се изгледа не минува ни новиот предлог на претседателот Каролос Папуљас за технократска влада. Истовремено, од официјални преставници на ЕУ пораки дека на Грција и е местото во еврозоната.

„Мислам дека за Грција ќе биде најдобро да остане во Еврозоната. Тоа значи дека треба да го покажеме патот чекор по чекор.“
Претседателот предлага формирање влада на личности. Јас му реков дека влада на технократи значи неуспех на политиката.
Фотис Кувелис, Демократска левица.

Ова е пораката на германската канцеларка Ангела Меркел додека во Атина продолжуват напорите за составување коалициска влада. Синоќа грчкиот претседател Каролос Папуљас предложи влада составена од технократи, која ќе биде поддржана од Парламентот за да се избегнат нови парламентарни избори следниот месец.. Но тоа речиси експресно беше отфрлено од Коалицијата на радикалната левица – СИРИЗА, а и Демократската левица на Фотис Кувелис е на сличен став.
Понтики - „ Тетка Меркел знае“
Понтики - „ Тетка Меркел знае“

„Претседателот предлага формирање влада на личности. Јас му реков дека влада на технократи значи неуспех на политиката.“
Не мислам, дури ни на секунда дека Грција ќе ја напушти еврозоната. Тоа е нон-сенс. Тоа е пропаганда и ние мора да ја почитуваме грчката демократија.
Жан-Клод Јункер, премиер на Луксембург и претседател на Еврогрупата.

Од друга страна, земјите од еврозоната се цврсто решени да ја задржат Грција во монетарната унија. Ова го изјави премиерот на Луксембург и претседател на Еврогрупата Жан-Клод Јункер по средбата на министрите за финансии на 17-те земји членки на еврозоната.

„Не мислам, дури ни на секунда дека Грција ќе ја напушти еврозоната. Тоа е нон-сенс. Тоа е пропаганда и ние мора да ја почитуваме грчката демократија.“

Еврозоната се надева на брзо составување влада во Грција, која ќе располага со неопходното мнозинство за продолжување на процесот на финансиски реформи, додаде Јункер, наведувајќи дека ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд и помогнале многу на Грција и продолжуваат тоа да го прават, откако минатата недела и доделија транша од 5,2 милијарди евра. Дел од износот, 4,2 милијарди евра, веќе се префрлени, а останатиот дел ќе биде ослободен до крајот на јуни, порача Жан-Клод Јункер.

Еврокомесарот за финансии Оли Рен, пак, додаде:

„Без грчката посветеност, пактот за солидарност не може да функционира и тоа е обврска на грчките политичари. На нивни рамења е и иднината и благосостојбата на грчките граѓани а таа зависи од пактот за солидарност.“

Како и да е, во практика тешко оди промената на ставовите на левичарските партии во Грција чии позиции значително се зајакнаа по изборите. Тие се залагаат за ревизија на буџетските мерки за штедење врз основа на кои еврозоната и ММФ ја прифатија програмата за помош на Грција во вреднсот од 130 милијарди евра.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG