Достапни линкови

Чешка нуди помош во знаење на патот кон ЕУ


Премиерите на Македонија и на Чешка Никола Груевски и Петр Нечас во Скопје.
Премиерите на Македонија и на Чешка Никола Груевски и Петр Нечас во Скопје.

Чешкиот премиер Петр Нечас на средбата со премиерот Никола Груевски ги понуди чешките искуства во приспособувањето кон европското законодавство.

Како и во сите досегашни контакти со чешките највисоки државни претставници, и по денешната на премиерско ниво одржана во Скопје, не изостана поддршката за македонските интеграции. Не само во интерес на Чешката Република туку и на целата Европската унија е да се проширува во делот на Западен Балкан, изјави чешкиот премиер Петр Нечас по средбата со македонскиот премиер Груевски и ги понуди искуствата од, како што рече, долгиот и детален пат на пристапни преговори кои неговата земја ги има поминато во рок од седум години за да дојде од кандидатски статус до членство.
Имаме искуство со имплементација на европската легислатива во националната легислатива и приспособување кон правниот систем на ЕУ и сме подготвени да и ги понудиме своите познавања на македонската влада.
Петр Нечас, премиер на Чешка.

„Имаме искуство со имплементација на европската легислатива во националната легислатива и приспособување кон правниот систем на ЕУ и сме подготвени да и ги понудиме своите познавања на македонската влада“, изјави чешкиот премиер Нечас.
Премиерите на Чешка и на Македонија Петр Нечас и Никола Груевски на прес-конференција во Скопје.
Премиерите на Чешка и на Македонија Петр Нечас и Никола Груевски на прес-конференција во Скопје.

Чешките новинари на денешната прес-конференција беа заинтересирани и за безбедносните тензии во земјата по убиството на петтемина минатата недела и колку тие можат да влијаат на интеграцискиот пат на земјава. Владата во која учествува и една албанска партија ги презема сите чекори да се смират тензиите кои секако можат да влијаат врз евроинтеграциите на земјата, беше одговорот на чешкиот премиер.
Со делот на договорите имаме постигнато одличен напредок. Она на што треба да се фокусираме во иднина се практично што почести директни контакти меѓу бизнисмените.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

Инаку, чешкиот премиер е предводник на бизнис делегацијата со која во Македонија пристигна и чешкиот минстер за индустрија и за трговија, Мартин Куба. Главната идеја е присуство на македонско-чешкиот бизнис форум со цел да се остварат конкретни контакти меѓу бизнисмените од двете земји, но и да се унапреди трговската и инвестициската соработка. Директните контакти меѓу бизнисмените се најважни за унапредување на економската соработка, беше оценето од двајцата премиери.

„Со делот на договорите имаме постигнато одличен напредок. Она на што треба да се фокусираме во иднина се практично што почести директни контакти меѓу бизнисмените“, рече премиерот Груевски.

„Со господинот премиер зборувавме и за отстранување на евентуалните проблеми и административни бариери кои се проблематични, имено за чешките инвестиции и господинот премиер ме убеди дека македонската страна е многу заинтересирана чешките инвестиции во Македонија да бидат успешни“, рече Нечас.

Енергетиката, екологијата, инфраструктурата се дел од областите кои би можеле да бидат во сферата на интерес на чешките инвестиции, рече Нечас, а од македонска страна беше најавено презентирање на инвестициските можности пред конкретни компании наредната година во Чешка.

Чешките инвестиции во Македонија лани изнесувале 600 илјади евра или учество од 0,2 отсто од вкупниот обем на инвестиции.
XS
SM
MD
LG