Достапни линкови

НЕ МОЛЧЕТЕ


Кренар Лога - Младински форум на ДПА
Кренар Лога - Младински форум на ДПА

"Молкот е вина, и од вината злато не бидува", пишува за РСЕ Кренар Лога од младински форум - ДПА

…Жално е, да те фати страв или одвратност кога ќе го вклучуваш телевизорот и сакаш да гледаш некој спортски настан кај нас, кога главен настан на средбата не е добрата игра или резултатот, туку кој повеќе ќе вреска или ќе ги навредува Албанците. Овој хроничен луд феномен ќе остане во рамките на хулиганските навивачи ако се казнува од страна на државните институции, македонската елита или медиумите, но печатот на молчењето на овие протагонисти, неказнувањето на истите, им отвора пат на сите оние индивидуалци или групи да се натпреваруваат за „награда на годината“ (Balon d’Or), е глупост на своја мера.

Не дека ќе ги разберев антиалбанските повици на натпреварите во кои протагонисти се две екипи од различни етнитети, но ќе имаше апсурдно толкување и ќе беше опфатено со фразата "луди навивачи, хулигански навивачи или нацистички навивачи". Но тоа е апсолутна лудост и екстремен показател на вербалната бруталност каде што и во меѓународните натпревари, со скандинавски ривал, што нема никаква допирна точка со Албанците да слушаш антиалбански песни и изрази и сето тоа да ни се случува пред сите нас. Пред очите на сите оние големи македонски "патриоти", било тоа да се десничари или левичари, позиционери или опозиционери, кои после еден случаен настан во Урoшевац, се појавија како печурки после дождот, кои први го осудуват настанот, ...
Но и овој пат задоцнија, Албанците први ги пријавија и осудија истите. Тогаш не молчевте, ве молам не молчете и сега!
Но е апсолутна лудост и екстремен показател на вербалната бруталност каде што и во меѓународните натпревари, со скандинавски ривал, што нема никаква допирна точка со Албанците да слушаш антиалбански песни и изрази и сето тоа да ни се случува пред сите нас.


Институциите на Македонија, македонските политички партии и медиуми отсекогаш биле гласни еднострано, го покажаа срамот на нивното молчење. Тие молчеа за инцидентот во Прилеп, Сарај, Нерези, на плоштадот во Скопје, појавата на антиалбанските натписи насекаде, "молкот е вина, и од вината не се прави злато".

Секојдневните провокации со енциклопедијата, учебниците, графитите со историските карти, со навивачи, во култура и со што уште не, доаѓат ексклузивно од една страна, и тоа до бескрај.
Не сакам да верувам дека и после 20 години независност и смена на генерациите Македонците сеуште не се свесни дека кога ги навредуваат Албанците, не ги навредуваат само Албанците од Тетово и Скопје, навредуваат 7 милиони Албанци на Балканот. Кога го палат албанското знаме, не го палат само знамето на Албанците во Куманово, Битола или Гостивар туку на 7 милиони и малку повеќе во две и пол држави, ве молам разберете го оваа и не молчете.
Можеш да го поразиш "легитимниот водач" на еден народ, но никогаш не можеш да поразиш еден цел народ, можеш да поразиш една албанска политичка партија во владата, но не и целиот албански народ.
Јас сум исклучително изненаден и зачуден како македонската Владата сеуште не исценирала некој поголем меѓуетнички проблем, тоа се случува секогаш по неуспехот на нејзините политики, било тоа да се од внатрешен или надворешен план


Јас сум исклучително изненаден и зачуден како македонската Владата сеуште не исценирала некој поголем меѓуетнички проблем, тоа се случува секогаш по неуспехот на нејзините политики, било тоа да се од внатрешен или надворешен план (така се случи по изолацијата на државата во 90-тите години со настаните во Радолишта, Бит Пазар, Тетовскиот Универзитет, или Гостивар во 97-та, со девалвацијата на денарот и аферата ТАТ). Со чувство на страв чекам да помине пролет без некое намерно етничко сценарио, што на брилијантен начин би го одвлекло вниманието на Македонците и Албанците од крајната сиромаштија и беда (оваа не го тврдам само јас, туку и реномираниот "The Economist") и од тоталната изолација на земјата од меѓународен аспект.

П.С Пожелно е, моите колеги Македонци од младинските форуми г-дин Спасов и г-дин Давитковски да го искажат својот збор, не за да се солидаризираат со мене, туку во чест на принципите и вредностите кои заедно сакаме да ги изградиме во оваа земја.

Кренар Лога (младински форум - ДПА)
XS
SM
MD
LG