Достапни линкови

Македонија оди во Белград, Чесите се враќаат дома


Македонските фанови во Ниш ги окупираа рестораните, кафулињата, улиците и фан зоната.
Македонските фанови во Ниш ги окупираа рестораните, кафулињата, улиците и фан зоната.

Македонските ракометари изборија пасман во наредната фаза од ЕП во ракомет што се игра во Србија.

Македонската машка ракометна репрезентација ја порази репрезентацијата на Чешка со 27:21 во третото коло од натпреварите по групи на ЕП во Србија и со тоа обезбеди пласман во наредната фаза од натпреварувањето, што ќе се игра во Белград.
Најефикасни во македонскиот состав беа Кире Лазаров со 7 голови и Филип Миркуловски со 5, а Владимир Темелков даде 4 голови. Голманот Борко Ристовски имаше 10 успешни одбрани.

Спортската сала Чаир во Ниш повторно беше обоена во црвена и жолта боја. Салата беше исполнета со неколку илјади македонски навивачи, како македонските ракометари да играат на домашен терен.

Најефикасни во македонскиот состав беа Кире Лазаров со 7 голови и Филип Миркуловски со 5, а Владимир Темелков даде 4 голови. Голманот Борко Ристовски имаше 10 успешни одбрани.
Македонски навивачи на ЕП во ракомет во Ниш.
Македонски навивачи на ЕП во ракомет во Ниш.

Во чешкиот состав најефикасни беа Филип Јиха и Павел Хорак со по 5 голови.

Во првото полувреме резултатот беше тесен и полувремето заврши нерешено 12:12. Македонската репрезентација се одлепи во првите 6 минути од второто полувреме со голот на Стевче Алушевски и двата гола на Кире Лазаров за резултат 15:12. Во остатокот од мечот Македонија го зголеми водството за конечни 27:21.

Во наредната фаза поминуваат трите најдобри тимови од четирите групи. Се формираат две нови групи од по шест репрезентации, при што секоја од репрезентациите ги пренесува бодовите што ги освоила против тимовите од групата што продолжуваат понатаму. Во случајот со Македонија, двата бода освоени против Чешка се бришат зашто Чесите не продолжуваат понатаму.

За жал на македонските навивачи, во претходниот натпревар од групата Б, Шведска изгуби од Германија 24-29 и затоа Македонија во новата група ќе стартува само со еден бод.

Освен Македонија, Шведска и Германија, во новоформираната група ќе играат и најдобрите три репрезентации од групата А – Србија, Полска и Данска.

Моменталната состојба на табелата, во новоформираната група е:

Позиција Репрезентација Бодови
1 Србија 4
2 Германија 4
3 Полска 2
4 Македонија 1
5 Шведска 1
6 Данска 0

Наредниот натпревар, Македонија го игра против Данска в сабота во Белград. Против Полска играме в понеделник на 23 јануари, а последниот натпревар против домаќинот Србија го играме во среда на 25 јануари во Белград.

Најдобрите две репрезентации од двете групи ќе играат во полуфиналето, а останатите ќе разигруваат за пласман од 5 до 12 место.

Европското првенство за мажи-2012 година е десетти европски шампионат во ракомет. Првенството во Србија почна денеска и ќе трае до 29 јануари. Натпреварите се играат во Белград, Вршац, Ниш и Нови Сад. На ЕП 2012 година учествуваат 16 европски селекции.

Избраниците на селекторот Ѕвонко Шундовски пред заминувањето во Ниш изјавија дека се максимално подготвени и мотивирани за стартот на големото натпреварување.

На Светското првенство кое во 2009 година се одигра во Хрватска, македонските ракометари го завршија на 11-то место. Актуелен светски и европски шампион во ракомет е репрезентацијата на Франција.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG