Достапни линкови

Филе - Македонија да не губи уште една година


Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.
Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.

Македонија постигна мал напредок. ЕК загрижена за слободата на изразувањето и порачува - не губете уште една година за името. Црна Гора и Србија напред кон ЕУ.

Во извештајот за прогресот на Република Македонија на Европската Комисија се наведува дека земјата продолжува во доволна мерка да ги исполнува политичките критериуми.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Брисел, соопштувајќи ги препораките на ЕУ изјави:
Имаше мал напредок минатава година. Главните предизвици остануваат во полето на независноста на судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата. Слободата на изразувањето предизвикува сериозна загриженост. Клучно е да се постигне прогрес за прашањето за името. Не смее да се изгуби уште една година.

„За поранешна југословенска република Македонија остануваме на пропораката за почеток на преговорите за членство. Како и да е, имаше мал напредок минатава година. Главните предизвици остануваат во полето на независноста на судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата. Слободата на изразувањето предизвикува сериозна загриженост. Клучно е да се постигне прогрес за прашањето за името. Не смее да се изгуби уште една година“, изјави Филе.

Тој рече и дека им порачал на властите во Скопје при неговата неодамнешна посета дека недостатокот на реформи и бавното темпо можат да бидат пречка, дури и ако го решат спорот за името и да не земаат здраво за готово дека препораката за преговори ке продолжи и во следниот извештај.

Охридскиот рамковен договор продолжува да биде суштински елемент за демократијата и владеењето на правото во земјата, се наведува во извештајот.

Постигнат е одреден напредок во спроведувањето на законот за јазиците, за децентрализација и правична застапеност. Потребни се континуирани напори за решавање на тековните и среднорочни предизвици како што се образованието и да се обезбедат хармонични односи меѓу сите заедници.

Во земјата има правна и институционална рамка за човекови права и заштита на малцинствата. Генерално се почитуваат граѓанските и политичките права и тука е постигнат мал напредок, наведува Филе.

Започнат е дијалогот во врска со сериозната загриженост за недостигот на слобода на изразување во медиумите, кој ЕУ го подржува, рече еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.

За Црна Гора почеток на преговори, за Србија кандидатски статус

Што се однесува до другите земји од Балканот, Филе изјави дека Хрватска позитивно ги заврши преговорите за членство во ЕУ, оти Црна Гора работеше напорно и е видлив прогресот во сите области.

„Предлагаме почеток на преговорите за членство со Црна Гора. Таа ќе биде прва земја, која според новите правила од Поглавјата 23 и 24 ќе напредува кон ЕУ“, рече Штефан Филе.

Србија постигна прогрес во важните области и Комисијата предлага статус на земја кандидат. Разговорите со Србија да бидат отворени кога ќе бидат нормализирани односите со Косово, порача еврокомесарот за проширување на ЕУ, во Брисел објавувајќи ги главните црти од извештаите за напредок на балканските држави.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG