Достапни линкови

Самит за иднината на Либија


Триполи
Триполи

Лидери и официјални претставници на шеесетина земји на денешниот состанок во Париз разговараат за иднината на Либија. Фокусот на состанокот, што е под заедничко претседавање на Франција и на Британија, е ставен врз одмрзнувањето милијарди долари либијски средства во странство, за обнова на земјата.

Претседателот на Франција, Никола Саркози, и британскиот премиер Дејвид Камерон се коорганизатори на состанокот на Контакт групата за Либија на кој учествуваат и претставници на Преодниот национален совет.

Бунтовниците тврдат дека контролираат поголем дел од земјата и оти сега им требаат 5 милијарди долари за да формираат стабилна влада.

„Ние ќе ги доставиме нашите барања на конференцијата во Париз за да можеме да имаме корист од нашите замрзнати средства кои ќе ни помогнат за реконструкција на нашата земја“, изјави потпретседателот на Националниот преоден совет Абдел Хафиз Гога.

Овој Совет денеска, како легитимна влада на Либија, беше признат и од Русија. Официјален Пекинг, пак, ги предупреди западните сили да им дозволат на Обединетите нации да ја водат повоената обнова на Либија.

Во меѓувреме, во Либија владее конфузија за тоа каде се и кои се намерите на семејството на поранешниот лидер Моамер Гадафи.

Неговите два сина за кратко време упатија две спротивставени пораки до бунтовниците и до меѓународната заедница. Саиф ал Ислам рече дека приврзаниците на неговиот татко ќе се борат до смрт, тврдејќи дека никој од нив нема да им се предаде на бунтовниците.

„Ќе умреме за нашата земја“, изјави Саиф ал Ислам во аудио порака за сиријската сателитиска телевизија Ал раи која, како што рече, ја давал од едно предградие на Триполи.

Тој притоа додаде дека неговиот татко бил добро.

„Што се однесува до Сирт, ние им кажуваме на бунтовниците: вие сте добредојдени во градот и ќе видите. Мислите дека влегувањето е лесно. Сирт има повеќе од 20 илјади вооружени луѓе и тие се подготвени за борба и за победа.“

Оваа порака на Саиф ал Ислам дојде кратко време по изјвата на неговиот брат Сади кој рече дека бил подготвен да преговара со бунтовниците за да запре крвопролевањето и оти за тоа имал дозвола од неговиот татко.
Ќе умреме за нашата земја.
Саиф ал Ислам, син на Моамер Гадафи.

Саиф ал Ислам
x
Саиф ал Ислам

Сади, за телевизијата Ал Арабија, додаде дека веќе контактирал со бунтовниците. Тоа е потврдено и од потпретседателот на Воениот совет на бунтовниците Мехди Харати кој изјави дека бунтовниците ќе ја гарантираат неговата безбедност.

Харати на новинарите во Триполи им соопшти и тоа дека бунтовниците го упсиле либијскиот министер за надворешни работи Абделати Обеиди.

Инаку, бунтовниците напредуваат кон две значајни упоришта на Гадафи, кон неговиот роден град Сирт и кон пустинското место Бани Валид.

Тие им дадоа ултиматум на силите на Гадафи во Сирт да се предадат до 3 септември по што ќе покренат офанзива врз градот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG