Достапни линкови

Армијата доби нов началник


Горанчо Котески, нов началник на Генералштабот на АРМ.
Горанчо Котески, нов началник на Генералштабот на АРМ.

На прославата по повод Денот на АРМ, инаугуриран новиот началник на Генералштабот, генерал мајор Горанчо Котески.

Армијата на Македонија е на добар пат во исполнувањето на стандардите кои ги бара НАТО, но нивното целосно спроведување најмногу зависи од Владата и парите кои ќе ги издвои за таа цел, велат експертите. Денеска Армијата доби и нов началник на Генералштабот, Горанчо Котески, кој ќе го замени досегашниот потполковникот Мирослав Стојановски.
Оној политички момент кој државата треба да го реши, да реши точно дали НАТО навистина е главниот приоритет и навистина да ги исполни тие барања кои се поставуваат пред министерот за одбрана и началникот на Генералштабот.


Професор Владимир Пивоваров вели дека спроведувањето на НАТО стандардите во АРМ треба да се гледаат од два аспекти.

„Едното е од организациски аспект и подготвеноста и второто прашање е она што секогаш го потенцира НАТО, да бидеме составен дел од НАТО не само со човечки фактор туку да имаме и соодветна техника и опрема согласно нивните стандарди затоа што и ние сме дел од тие мисии во кои учествуваме партнерски со останатите земји членки на НАТО.“

Професорот Назми Малиќи вели дека Армијата треба да работи на приговорите кои ги доби од Алијансата.

„Точната инфраструктура и меѓунационалниот колорит што треба да го исполни Македонија во однос на раководењето и командувањето во АРМ. Владата не може да се ослободи од партиското влијание и во структурата на Генералштабот и дефектот што останува за неисполнување на адекватната застапеност на Албанците.“


Малиќи додава дека на Котески професионализмот треба да му биде на прв план и исполнување на обврските кои произлегуваат од законите за АРМ.

„Да биде како симбол на државноста, институција што гради заеднички вредности за сочувување на суверенитетот и интегритетот на земјата и да се сочува континуитетот на стандарди што се веќе прифатени од НАТО и од ЕУ.“

Пивоваров смета дека новиот началник на Генералштабот објективно треба да има соработка со тимот кој ќе го состави. Котески треба да ги
Да биде како симбол на државноста, институција што гради заеднички вредности за сочувување на суверенитетот и интегритетот на земјата.
претставува проектите на Армијата пред Владата и да добие буџет за нив.

„Оној политички момент кој државата треба да го реши, да реши точно дали НАТО навистина е главниот приоритет и навистина да ги исполни тие барања кои се поставуваат пред министерот за одбрана и началникот на Генералштабот, дури во таква ситуација ќе бидеме подготвени да влеземе во оваа Алијанса.“

Според експертите, охрабрува фактот што НАТО на сите состаноци досега истакнува дека Македонија со својата армија е подготвена за членство, останува само да се реши проблемот со името со Грција.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG