Достапни линкови

Туниско сценарио во Македонија?


Од протестите на тутунарите пред Собранието
Од протестите на тутунарите пред Собранието

Иако протестите зачестија, туниско сценарио не е можно во Македонија, велат и од власта и од опозицијата.

Tуниско сценарио не е можно во Македонија, согласни се и власта и опозицијата. Иако во последниов период зачестија протести на разни категории незадоволни граѓани – стечајци, тутунари, универзитетски професори, доктори – сепак, тие немаат цел да ја уриваат владата, туку да извршат притисок врз неа за да им ги реши проблемите.

Поранешниот министер за внатрешни работи и пратеник од владејачкото мнозинство Павле Трајанов вели дека е невозможно во земјава да се случи сценарио за насилно уривање на легално избрана влада, која патем ужива и голема поддршка меѓу народот. Во Македонија ќе има жестока политичка расправа и несогласувања, но ништо повеќе од тоа, вели Трајанов.
Јас лично не очекувам дека ќе има и обиди или пак ќе добијат таквите обиди поддршка од опозицијата за рушење на власта во Македонија. Влегуваме во предизборна година и мислам дека редовните избори или евентуално предвремени се место кадешто можат да се соочат програмите.


„Јас лично не очекувам дека ќе има и обиди или, пак, ќе добијат таквите обиди поддршка од опозицијата за рушење на власта во Македонија. Влегуваме во предизборна година и мислам дека редовните избори или евентуално предвремени се место кадешто можат да се соочат програмите и сигурен сум дека мнозинството граѓани не подржуваат насилство, нереди, насилно рушење на институциите, на власта, на владата во целина.“

Потпретседателот на опозицискиот СДСМ Гордан Георгиев вели дека власта е таа што провоцира и предизвикува инциденти.

„СДСМ не е партија која размислува на тие работи и не сакаме ниту да помислиме на тоа и затоа јас не верувам во ’туниско сценарио‘, најмногу
Протестите во Тунис
заради разумот на СДСМ, на опозицијата, но се надевам дека ќе има тронка разум и од другата страна која што нема да продолжи да провоцира. На крајот ако ги споредуваме Македонија и Тунис, единствената споредба е можеби дека во Тунис премиерот абдицираше, побегна од државата и тоа може да биде една убава паралела и за Македонија во иднина.“
СДСМ не е партија која размислува на тие работи и не сакаме ниту да помислиме на тоа и затоа јас не верувам во ’туниско сценарио‘, најмногу заради разумот на СДСМ, на опозицијата, но се надевам дека ќе има тронка разум и од другата страна која што нема да продолжи да провоцира.


Пратеничката Флора Кадриу од опозициската Нова демократија вели дека граѓаните се незадоволни од лошите политики што ги спроведува владејачката коалиција.

„Не верувам дека постои граѓанин којшто би го посакал ’туниското сценарио‘, па оттука не сметам ниту дека постои политички субјект кој што би поддржал такво сценарио. Нова демократија воопшто не е таков политички субјект кој што би искористил такво сценарио или некаков вид на слично сценарио само за да се дојде на власт.“

Пратеникот Тахир Хани од владејачката ДУИ вели дека сите незадоволни граѓани имаат демократско право да протестираат и да бараат решавање на нивниот проблем.

Тутунарите пред Собранието

„Дали постои таква можност и во Македонија да имаме такви насилни протести, никој не може да предвиди, но сепак би истакнал дека било кој треба да внимава и да ги користи само демократските методи во едно општество.“

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека опозицијата стои зад сите протести што се организираат во државава. На секој протест на незадоволни, власта организира и контрапротест на „задоволни“ граѓани. Таа пракса се префрли и на локално ниво каде што има градоначалници од СДСМ. Таму, пак, тие ги организираат „задоволните“ граѓани.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG