Достапни линкови

Кој ќе се офајди од законот за дивоградби?


Граѓаните и опозицијата и порачуваат на власта - што поевтина легализација тоа подобро, но богатите да платат поскапо.

И власта и опозицијата велат дека нивниот предлог за легализација на дивоградбите е подобар и оти оној на опонентите е неспроведлив. Граѓаните велат - што поевтина легализација тоа подобро, но нагласуваат дека богатите треба да платат поскапо.

Предлогот за легализација на дивоградбите на СДСМ има поширок опфат, зашто тие предлагаат да се легализираат и станбени згради. Тие обвинуваат
За сите оние кои што имаат дивоградби, кои што се добро ситуирани, своите диви објекти ќе ги легализираат исто како и сите други граѓани кои чесно си ги изградиле своите
живеалишта.
дека со владиниот предлог богаташите ќе ги легализираат хациендите за ефтини пари, а сиромашните повторно не ќе можат да добијат правен статус на нивните градби. Според нивниот предлог, куќите помали од 85 квадратни метри и куќите на социјалните случаи ќе се легализираат бесплатно. Пратеникот Томе Чинговски од оваа партија вели дека нивниот предлог предвидува, владата да ги сноси и сите трошоци за потребната документација за сиромашните граѓани.

„За сите оние кои што имаат дивоградби, кои што се добро ситуирани, своите диви објекти ќе ги легализираат исто како и сите други граѓани кои чесно си ги изградиле своите живеалишта.“

Миле Јанакиески
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:32 0:00


Во Министерството за транспорт и врски, пак, велат дека предлогот на
Информираме дека е мал бројот на градби кои се помали од 85 квадратни метри, a за останатите градби надоместоците за комуналии се високи, што сериозно може да ја доведе во прашање имплементацијата на законот.
СДСМ може да ја доведе во прашање имплементацијата на законот.

„Информираме дека е мал бројот на градби кои се помали од 85 квадратни метри, a за останатите градби надоместоците за комуналии се високи, што сериозно може да ја доведе во прашање имплементацијата на законот, со оглед на тоа што најголемиот број на семејства кои живеат во вакви градби е со ниски примања“, соопштува Министерството.

Граѓаните што ги анкетиравме велат - што поефтино, тоа подобро, но се сомневаат дека најбогатите ќе извлечат најголема корист од законот.
Сиромашните без пари, а за богатите да платат. Некои велат дека има интерес од ова. Тие што имаат индустриски капацитети тие веројатно и покрај тоа што се дивоградби ќе искористат.


„Сиромашните без пари, а за богатите да платат. Некои велат дека има интерес од ова. Тие што имаат индустриски капацитети тие веројатно и покрај тоа што се дивоградби ќе искористат.“

„За сиромашните во ред, само не е убаво да се гради каде што ќе се стигне, не е убаво, не личи на град, ќе нема добар пат, ќе нема канализација, вода.“

„Нека ни вратат тие што ни земале имот порано со национализацијата. Тоа нека ни вратат прво, па после ќе платиме за ова.“

Под притисок на јавноста, власта одлучи за легализација на дивоградбите да не бара проект за фактичка состојба на бесправната градба и да побара од геодетските компании да ја спуштат цената на услугите за граѓаните да може за помалку пари да ги комплетираат документите потребни за легализација на дивоградбите.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG