Достапни линкови

(Без)Решение за името?


Груевски и Папандреу на првата средба во Преспа
Груевски и Папандреу на првата средба во Преспа

Власта смета дека последните изјави од грчките лидери ги уриваат надежите за решение на спорот за името. Опозицијата обвинува - владата не сака да го реши проблемот.

Последните изјави на грчкиот премиер Јоргос Папандреу и на шефот на дипломатијата Димитрис Друцас дадени во Њујорк, како и досегашните, ги потврдија грчките црвени линии и побараа флексибилност од Скопје. Ништо поинакво и ново во споредба со до сега слушнатите ставови, но за премиерот Груевски големо разочарување и доказ дека досегашните надежи за решавање на спорот што ги создавала грчката страна се лажни. Со сличен став и пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ Петар Поп Арсов, кој смета дека Грција со послените
Начинот на којшто пристапува Папандереу дава еден впечаток дека се работи за политичар со кој што може да се најде взаемно прифатливо решение за името, меѓутоа трврдиот став кој што во континиутет се повторува едноставно тие надежи ги
намалува.
настапи во Њујорк само го потврдила својот диктат кој што сака да и го наметне, не само на Македонија, туку и на сите останати држави кои што ја признале Македонија под уставното име:

„Начинот на кој што пристапува Папандереу дава еден впечаток дека се работи за политичар со кој што може да се најде взаемно прифатливо решение за името, меѓутоа трврдиот став кој што во континиутет се повторува едноставно тие надежи ги намалува.“

Сепак, надежите и натаму остануваат и решение ќе продолжиме да бараме, а периодот што претстои ќе биде тој што ќе потврди дали тие ќе имаат основа или не, додава Поп Арсов. Тоа е единствената можна определба и за коалициониот партнер во Владата, ДУИ. При тоа, како што вели Тахир Хани од оваа партија, не треба да се обрнува внимание на поединечни изјави:

„Јас мислам дека не би требало да се фокусираме на разно разни изјави, битно е да се фокусираме на решението.“

Зоран Заев
Изјавите се такви какви што се подолг период од грчка страна, додава Зоран Заев од опозицискиот СДСМ, но и од нив не може ниту да се очекува нешто ново ако не се случува и нешто ново во преговорите на кои што би се добила можност да се променат позициите и на грчка и на македонска страна.

„Впрочем, треба да постојат разговори за да има некое приближување кон изнаоѓање на решение. Доколку нема преговори лично не
Впрочем треба да постојат разговори за да има некое приближување кон изнаоѓање на решение.
очекувам дека некој би има зошто, од другата страна да ја смени својата позицијата.“

Во врска со тоа, за опозицијата е се појасен впечатокот дека актуелната влада има расчистено со тоа дека нема сила да го решава спорот за името во рамките на својот мандат.

Премиерот Груевски се уште не најавува пат за Њујорк. Истовремено, грчкиот премиер ги продолжува средбите на кои е поставено прашањето за името. И на потпретседателот на САД Џо Бајден, на синоќешната средба му порачал дека Атина има политичка волја за решавање на прашањето за името и оти е неопходен соодветен одгвор од другата страна. Вчера за Њујорк замина македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски. Од неговиот кабинет најавуваат дека на неколкуте настани на кои што ќе присуствува, како и на билатералните средби, ќе биде поставено како тема и прашањето за името.
XS
SM
MD
LG