Достапни линкови

Милион долари за Нигеријците ако ја победат Аргентина


Репрезентативците на Нигерија за секоја победа на Светското првенство од Властите ќе добијат по 100. 000 долари

Нигериските фудбалски репрезентативци добија значаен поттик пред денешниот натпревар против Аргентина на Светскиот куп во Јужна Африка . Бизнисменот Михаел Аденуга им вети милион долари ако ја победат Аргентина.

Веста на играчите им ја пренел нигерискиот претседател Гудлак Џонатан, кој вчера го посети кампот на репрезентативците.

Нигериските власти претходно им ветија на репрезентативците награда од 100.000 долари за секоја победа на првенството во Јужна Африка. Нигерискиот претседател ги повика фудбалерите да ја одбранат честа на својата земја и на цела Африка и да станат шампиони.
XS
SM
MD
LG