Достапни линкови

Корупција во здравството


„Метастаза“ во македонското здравство
„Метастаза“ во македонското здравство

МВР информира дека е завршен распитот на приведените доктори и посредници во акцијата „Метастаза“. Здравството долго време се посочува како болна точка во Македонија во поглед на корупцијата. Мито не се бара само за доделување инвалидски пензии, туку речиси за секаква здравствена услуга.

Завршен е распитот на приведените доктори и посредници кои се сомничат дека земале мито, информираат во МВР. Се уште не се знае дали ќе им биде изречена мерка притвор. Речиси 40 членови на првостепена и второстепена комисија кои одлучуваат за доделување на инвалидски пензии беа уапсени во вчерашната полициска операција Метастаза. Меѓу уапсените лекари има кардиолози, психијатри, ортопеди, невролози, пулмолози и интернисти, кои пишувале лажни дијагнози. Полицијата најави дополнителни информации за случајот за попладнево.
Почна докторот да раскажува дека има многу пациенти, па почна да го врти муабетот како вози 101, како оди на семинари, а е голем експерт, како тоа треба некој да го плати, дека платата е многу мала, значи од околу – бара пари. Никој доктор директно нема да каже дека бара пари. Индиректно побара. Утредента отидов, донесов 200 евра и следниот ден бев земен на програма.


Здравството долго време се посочува како болна точка во Македонија во поглед на корупцијата. Мито не се бара само за доделување инвалидски пензии, туку речиси за секаква здравствена услуга. Нашиот соговорник ја раскажува својата болничка приказна. Пред да се оперирам, лежев една недела во болница, а не ме оперираа, раскажува нашиот соговорник.

„Почна докторот да раскажува дека има многу пациенти, па почна да го врти муабетот како вози 101, како оди на семинари, а е голем експерт, како тоа треба некој да го плати, дека платата е многу мала, значи од околу – бара пари. Никој доктор директно нема да каже дека бара пари. Индиректно побара. Утредента отидов, донесов 200 евра и следниот ден бев земен на програма.“

Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски вели дека здравството е изложено на корупција.

„Дали се работи за градба, остварување на имотно право, граѓанинот може да се одрече, за здравјето, тоа е последно од што ќе се одрече. Значи, тоа се и здравствени и егзистенцијални прашања, така што немаат на некој начин можност за избор туку едноставно мора да си го решат проблемот.“

Социологот Христо Карталов, пак, вели дека една од причините за луѓето да дадат мито е тоа што не веруваат дека може некому да се пожалат.

„Немоќта каде човекот да ги истера своите права, како да дојде до тоа што во нормални држави треба да биде обврска на тие институции, го прават така, да ја свитка кичмата.“

Дел од експертите сметаат дека граѓаните не ги пријавуваат случаите на корупција во здравството поради страв од лекарите од кои им зависи здравјето.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG