Достапни линкови

Загрозен политичкиот дијалог?


Партиите од опозицијата решија да го преиспитаат своето учество на редовните собраниски координации. Партиите од опозицијата велат дека усвоениот амандман на мнозинството, Собранието да не распрва за завршната сметка на буџетот и за ревизорските извештаи од државните институции, ја прелеало чашата.

Една по друга, партиите од опозицијата решија да го преиспитуваат своето учество на редовните собраниски координации, кадешто се спроведуваше практиката на усогласување меѓу политичките партии, се чини неопходна за поддршка на кревкиот политички дијалог
Практично ние немавме политички дијалог, коодинацијата до сега беше само од технички аспект. Не се согласуваме со вакво нешто и мислиме дека треба да се седне на маса и да се разговара за отворените прашања.
кој што будно се следи и во европските извештаи за демократскиот напредок на земјава. Партиите од опозицијата велат дека усвоениот амандман на мнозинството, Собранието да не распрва за завршната сметка на Буџетот и за ревизорските извештаи од државните институции ја прелеало чашата на и дотогашното, како што велат, привидно одржување на политичкиот дијалог.

„Практично ние немавме политички дијалог, коодинацијата до сега беше само од технички аспект. Не се согласуваме со вакво нешто и мислиме дека треба да се седне на маса и да се разговара за отворените прашања“, изјави Цветанка Иванова од СДСМ.

Тахир Хани од ДУИ смета дека нарушувањето на оваа позитивна практика ќе влијае врз понатамошната работа на парламентот.

„Ќе влијае во нашите координации и во работата на парламентот. Но, сепак очекуваме дека претседателот ќе најде начин да се надминат разликите што веќе постојат“, вели Хани
Вака кога го гледаме случајот тогаш се разбира дека не може да говориме за политички дијалог, за политички консензус или уште помалку ќе може да се говори за мултиентичка кохезија.

Денеска партиските тела на Нова Демократија ќе одлучат дали ќе бидат следната партија која што ќе ги напушти редовните собраниски понеделнични координации. Сите барања и иницијативи од страна на опозицијата не се прифаќаат од страна на парламентарното мнозинство, што го доведува во прашање учеството на овие координации, вели Флора Кадриу од оваа партија. На Нова Демократија и се одбиени повеќе иницијативи за расправа, додава Кадриу. Тука спаѓаат расправата за деловникот, проектот Скопје 2014 и изучувањето на македонскиот јазик за децета Албанци од прво одделение и други. Доколку остане вака, координациите ќе му служат само на мнозинството, што не излгеда многу рационално, додава Кадриу.

„Вака кога го гледаме случајот тогаш се разбира дека не може да говориме за политички дијалог, за политички консензус или уште помалку ќе може да се говори за мултиентичка кохезија.“

Пратениците од најголемата партија во власта се недостапни за коментар на ваквите потези. Опозицијата, пак, чека на нивните наредни чекори. Доколку тоа не се случи, подготвени се и на порадикални чекори, додава Цветанка Иванова од СДСМ.
XS
SM
MD
LG