Достапни линкови

Неуспех на самитот во Копенхаген за климата?


Лидерите на најразвиените земји и на земјите во развој на самитот во Копенхаген постигнаа необрзувачка политичка спогодба за намалување на глобалното затоплување. Сепак, дури и приврзаниците на новиот договор сметаат дека тој е недоволен, а има и некои земји во развој кои оценуваат дека самитот неуспеал

Спогодбата ја постигнаа пет земји, Соединетите држави, Кина, Јужна Африка, Индија и Бразил кои се согласија за повеќе прашања, вклучувајќи ја и редукцијата на испуштање јаглерод во атмосферата.
Со договорот е предвидено богатите земји да им исплатат 30 милијарди долари на земјите во развој до 2012 година со цел и тие да можат да се справат со климатските промени.
Како и да е, договорот не е обврзувачки и затоа се очекуваат натамошни светски преговори. Американскиот претседател Ба
За прв пат во историјата сите развиени економски земји заеднички ја прифатија нивната одговорност да преземат акција за да се соочат со заканата од климатските промени ...
рак Обама кој вчера помогна во постигнувањето на спогодбата изјави дека таа е само основа за дејствување.

,,За прв пат во историјата сите развиени економски земји заеднички ја прифатија нивната одговорност да преземат акција за да се соочат со заканата од климатските промени.,,

Изјави Обама, кој сепак додаде дека ќе треба уште време за да се дојде до конечен договор.

,,До овој напредок не се дојде лесно и знаеме дека тој не е доволен. Ќе биде многу тешко и ќе треба многу време. Минавме долг пат, но се уште имаме многу за одење.,,

Другите поддржувачи на спогодбата како Индија, Јужна Африка, Бразил изразија жалење поради тоа што таа не обрзувачка. Од друга страна, Венецуела, Боливија и Судан ја отфрлија со образложение дека не е во согласност со она што навистина е потребно во борбата против глобалното затоплување.
Активистите за зачувување на животната средина пак, оценија дека со спогодбата од Копенхаген светските лидери само уште еднаш ја одложија акцијата во справувањето со климатските промени. За да стане спогодбата обврзувачка таа треба да биде прифатена од сите 193 земји членки на Обединетите нации.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG