Достапни линкови

ЕУ одлучува за датум за преговори


Знамето на ЕУ во седиштето во Брисел
Знамето на ЕУ во седиштето во Брисел

Советот на Европската Унија одлучува дали ќе ја прифати препораката на ЕК за одредување датум за почеток на преговорите со Македонија. Власта се надева дека има шанса министрите да одобрат датум, додека во редовите на опозицијата нема голем оптимизам.

Советот на Европската унија ќе одлучува дали ќе ја прифати препораката на Европската комисија за одредување датум за почеток на преговорите за полноправно членство на Македонија во Унијата. Во Власта постои оптимизам дека има шанса да добиеме датум за преговори без конечно решение за спорот со името. Премиерот Никола Груевски по средбата со претседателот на европската комисија , Жозе Мануел Баросо, изјави дека Грција може да и даде шанса за почеток на преговорите на Македонија и воедно двете земји да продолжат со интензивните разговори поврзани со спорот за името. Во опозицијата, пак, постои само надеж за добра волја од Брисел за датум за преговори. Од друга страна, пратеникот Андреј Жерновски од опозициската ЛДП вели дека Македонија не влезе вистински во преговори за името и затоа ќе ја изгуби поддршката од Европа и од Соединетите Американски Држави.
Јас се надевам дека Брисел ќе најде некоја формулација, меѓутоа досега не видов ништо конкретно, сеуште го чекаме денот за да добиеме датум, меѓутоа јас не гледам основа


,,Јас се надевам дека Брисел ќе најде некоја формулација, меѓутоа досега не видов ништо конкретно, сеуште го чекаме денот за да добиеме датум, меѓутоа јас не гледам основа.„

Експертите за најверојатно сценарио го сметаат она во кое европските министри ќе се обидат да го препознаат напредокот што го направила Македонија и да се одложи датумот за во иднина со што би се одбегнала грчката блокада.

,,Јас мислам дека за нас во моментот тоа би била најдобра формулација, која не би не исклучила од понатамошната игра, но лошата страна е што дефинитивно за разлика од пред неколку годиние, е што прашањето за името е етаблирано во нашите интеграциски процеси.„

Во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија во евроинтегративните процеси беше посочено дека за да добие Македонија датум за преговори треба да има добрососедски односи, да го реши проблемот со името и да ги спроведе реформите според европските стандарди. Претседателот на Македонија Ѓорѓи Иванов неодамна изјави дека спорот меѓу Хрватска и Словенија е позитивен пример како треба да се решаваат билатералните спорови без да ги одолговлекуваат евроинтеграциите. Иванов смета дека Македонија ги исполнила сите задачи за да го добие датумот и тоа е поттик да се завршат преговорите независно од билатералниот спор.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG