Достапни линкови

Дневен печат – Од Брисел не стигна добра вест


Дневните весници деновиве пишуваат за првата средба меѓу премиерот Груевски и претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо. ,,Од Брисел не стигна добра вест„ е насловот во ,,Утрински„. ,,Важен чекор во место,, ја насловува веста за средбата ,,Дневник,, јавувајќи дека разговорите не донеле ништо ново.

Само ,,Утрински,, и ,,Дневник,, во четвртокот и Алфа ТВ и МТВ во средата имаа директни информации и преноси од Брисел, од средбата Груевски-Баросо. ,,Важен чекор во место,, ја насловува веста од главниот град на Европа ,,Дневник,, јавувајќи дека првата средба меѓу премиерот и претседателот на ЕК не донесла ништо ново. ,,Од Брисел не стигна добра вест,, јавува ,,Утрински,, преку својот дописник од Брисел, пишувајќи впечатокот од разговорите и од прес-конференцијата потоа бил дека малку надеж има дека до 7 декември ќе се реши проблемот со името, за Македонија да добие датум за преговори. ,,Вечер,, на насловната страница го објавува интервјуто на заменик минисерот за надворешни Димитрос Друцас за грчкиот национален канал ТВ Нет направено деновиве, при што го потенцира неговиот став дека ,,Без решение за името, нема преговори на ЕУ со Скопје!,,. Под главниот наслов-прашање ,,И сеа шо?,, весникот заклучува дека Грција не сакала брз договор за името бидејќи тоа не и одговарало. ,,Време,, пишувајќи за првата средба на премиерот со претседателот на ЕК, затоа што Баросо досега не сакал да се сретне со Груевски - насловува: ,, Кај Баросо со молби,,. Весникот потоа наведува ставови на неименувани дипломатски извори во Скопје дека Грција е подготвена на големи отстапки за прашањата врзани за идентитетот, во замена за што поголема употреба на новото меѓународно име, и дека ,,максималистичките,, барања на Груевски во најголема мера биле негов производ за да си ја зајакнел внатрешната позиција. Покрај средбата Баросо-Груевски, сите медиуми во земјава со големо внимание и исчекување ја проследија втората средба на премиерите Груевски и Папандреу во грчкиот дел на Преспа, а извештаите речиси можат да се сумираат во насловот на ,,Нова Македонија,,: Се видоа, се ислушаа, ама не се договорија,,. Истиов весник во извештајот за средбата на шефот на македонската дипломатија Милошоски со Папандреу го потенцира тврдиот став на Грција и дека и по оваа средба, според толкувањата од МНР, ситуацијата изгледала безизлезно. Во меѓувреме, Здружението на новинарите на Македонија ја информира Меѓународната федерација на новинарите во Брисел дека во земјава се врши притисок врз работата на новинарите и побара поддршка во битката за слобода на новинарскиот израз. ,,Збогум за визите,, ,,Падна шенгенскиот ѕид,, ,,Одлука на која се чекаше 18 години,, се насловите во домашниот печат со кој беше одбележан 19 декември, датумот од кога македонските граѓани ќеможат да патуваат без визи во Европа. Медиумите интензивно го обработуваат и проблемот со вадењето на нови лични карти и пасоши којшто се создаде по заканите на Министерството за внатрешни дека од 1 март идната година сите граѓани без нови документи ќе плаќаат казни од 20 до 80 евра. ,,Нова Македонија денеска на насловната страница пишува дека ,, МВР го врати шенгенскиот ѕид,, а ,,Утрински,, дека граѓаните чекаат по шест месеци за нов пасош и по една година за нова лична карта.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG