Достапни линкови

Без визи во Европа


Премиерот Груевски им поздравува на граѓаните кои го прославуваат паѓањето на „Шенгенскиот ѕид“
Премиерот Груевски им поздравува на граѓаните кои го прославуваат паѓањето на „Шенгенскиот ѕид“

Од 19 декември македонските граѓани со биометриски пасош ќе може да патуваат во Шенген земјите без виза. Ова денеска во Брисел го реши Советот на министрите на Европската Унија

Државниот врв денешниот ден го оценија како историски.Одлуката на советот на министри од европска унија за визна либерализација е причина за славење велат политичарите. И од Власта и од опозицијата сметаат дека безвиниот режим е заслуга на сите граѓани без

Се надевам дека по денешниот успех ќе продолжи вреднувањето на Република Македонија се до зацртаната цел – полноправно членство во ЕУ

разлика на политичкаѕта определба.Претсеадтелот на Македонија Ѓорѓи Иванов вели дека Македонија и понатаму ќе продолжи со исполнување на реформите.

„Се надевам дека по денешниот успех ќе продолжи вреднувањето на Република Македонија се до зацртаната цел – полноправно членство во ЕУ. Сакам јасно да порачам дека Република Македонија и нејзините институции имаат волја и капацитет и целосно се подготвени да ги почнат преговори со ЕУ и да пресретнат и да се носат со предизвиците кои ги носи овој процес.“

Премиерот Никола Груевски вели дека укинувањето на визите е голем успех за сите граѓани.

„На некој начин заврши целиот процес, сите реформи, стандарди, целата модернизација што беше потребна да дојдеме до момент ЕУ да каже дека Република Македонија без никакви забелешки без дополнителни проекти, заслужи целосно укинување на визите.“

На некој начин заврши целиот процес, сите реформи, стандарди, целата модернизација што беше потребна да дојдеме до момент ЕУ да каже дека Република Македонија без никакви забелешки без дополнителни проекти, заслужи целосно укинување на визите



Цветанка Иванова од опозициската партија СДСМ вели дека визната либерализација е политичка одлука на Европската Унија.

„Визната либерализација е дело на многу влади, не само на оваа, но му порачуваме на Груевски дека визната либерализација не треба да биде замена за добивање датум за преговори.“

Некоолку стотина граѓани се собраа на полштадот Пела Во Скопје за да го прослават новиот безвизен режим.

„Зошто да бидеме затворени?“
„Многу значи што ќе имаат право младите да патуваат во земјите на Шенген“

Одлуката за укинување на визниот режим со земјиоте од Шенген зоната ја пренесе денеска Шведскиот Амбасадор Ларс Фреден кој рече дека не постои ризик визната либерализација да се смета за замена на евроинтегративните процеси на земјава.

WrВизната либерализација е дело на многу влади, не само на оваа, но му порачуваме на Груевски дека визната либерализација не треба да биде замена за добивање датум за преговори.“


„Ова се различни прашања кои во системот на ЕУ ги носат различни луѓе. Единствената врска што ја гледам меѓу овие две прашања е исполнувањето на бенчмарковите кои покажуваат што може да направи државниот систем на Македонија.“

Со оваа одлука падна визната бариера за Македонија Србија и Црна Гора. Овие три земји се ставаат на белата шенген листа, што значи дека не мора да вадат визи за патување во земјите од Европската Унија, освен за Велика Британија и Ирска. Без виза ќе патуваат само оние кои имаат биометриски пасоши. Граѓаните на овие три земји може да престојуваат во земјите на Европска Унија најмногу 3 месеци, во текот на половина година.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG