Достапни линкови

Не сме предодредени за непријатели


Обама во Кина
Обама во Кина
Трговијата, најверојатно, ќе биде една од најконтроверзните спорни теми во разговорите на Претседателот Барак Обама со кинеските лидери во Пекинг. Се очекува американскиот Претседател да побара од Претседателот на Кина Ху Џинтао да ја зголеми вредноста на кинеската валута јуанот со цел да се намали трговскиот дебаланс меѓу двете земји, кој во септември изнесуваше 22 милијарди долари.
Вашингтон одамна се жали дека Пекинг намерно вештачки ја држи ниска вредноста на јуанот за да ги поевтини кинеските стоки на светскиот пазар - нешто што Пекинг го негира од своја страна. Портпаролот на кинеското министерство за Трговија Сао Џиан рече дека Вашингтон енормно ја намали вредноста на доларот со цел да ја подобри американската конкурентност а сака другите да го пумпаат нивните валути. Тој, исто така, ги обвини САД за протекционизам, поради наметнување на тарифи и давачки за кинески гуми и челични прачки.

Средби со студентите во Шангај

Говорејќи пред студентите во Шангај пред да допатува во Пекинг, американскиот лидер меѓу другото изјави дека Соединетите Држави сакаат Кина да биде силна и просперитетна држава и успешна членка на заедница на народите.

"Идејата дека ние мораме да бидеме непријатели не е предодреденост, и ние ја сметаме за минато. Всушност, поради нашата соработка, Соединетите Држави и Кина се попросперитетни и посигурни. Ние видовме дека е можно да се градат односи врз основа на нашите заеднички интереси и заемно почитување."
Обама се ракува со студентите во Шангај

Во својот разговор со студентите, Обама зборуваше за универзалноста на човековите права, велејки дека сите луѓе, вклучувајќи ги и кинеските граѓани, треба да имаат право на слободно изразување, религиозна слобода и слободниот пристап до информации. Обама повика Интернет да не се цензорира што е чувствително прашање во Кина. Обама рече дека Америка не се обидува да го наметне свој начин во другите земји.

"Сметаме дека е сепак важно да биде верен на нашите идеали и нашата вредности. Ние секогаш ќе го правиме тоа со смиреност и разбирање дека ние не сме перфектни и дека сé уште имаме многу да направиме за напредокот. Ако разговарате со жените во Америка, тие ќе ви кажат дека се уште има луѓе со застарени идеи за улогата на жените во општеството. И така, ние не тврдиме дека сме ги решиле сите овие проблеми, но мислам дека е важно да зборуваме во име на овие универзални идеали и универзални вредности."

По посетата на Кина, Барак Обама ке ја посети Јужна Кореја, конечниот крај на својата азиската турнеја, на 18 ноември.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG