Достапни линкови

Земјоделски саем


Земјоделци
Земјоделци

„Селото се буди“ е наречен првиот мини саем на земјоделски производи што се одржа во Куманово. Преку овој саем земјоделците имаат можност да ги презенитраат своите производи или пак ретки раси на домашни животни.

Локални ретки раси на домашни животни, традиционални ракотворби и гастрономски специјалитети произведени од креативноста на домаќинките и домаќините од кумановските села, беа презентирани на првиот мини саем насловен „Селото се буди“ во Долно Којнаре, село во близина на Куманово. Земјоделци, сточари, пчелари, производители на органска храна, на преработки од месо и други месни производи за првпат на овој начин беа вклучени во рамките на одбележувањето на 65-годишнината од слободно Куманово и 490 години од неговото постоење. Елизабета Цветковска од локалната самоуправа вели:
Ова е прва активност на локалната самоуправа за реализирање на проект во соработка со МААСП финансиран од СИДА. Тоа значи мобилизирање на граѓаните од руралните средини и тие своите производи на едно место да ги презентираат пред своите сограѓани, а подоцна и пошироко


,,Ова е прва активност на локалната самоуправа за реализирање на проект во соработка со МААСП финансиран од СИДА. Тоа значи мобилизирање на граѓаните од руралните средини и тие своите производи на едно место да ги презентираат пред своите сограѓани, а подоцна и пошироко."

Цветковска објаснува дека се поактуелно е споменувањето на ИПАРД фондовите а на граѓаните, особено на земјоделците ќе им се овозможи:

,,Да склопат контакти и да знаат каде да се обратат за помош за развој на земјоделството."

Бобан Бојковски вели дека ова е прв мини саем, а организиран е бидејќи:

,,Се почувствува потреба луѓето од руралните средини кои немаат каде да ги презентираат своите производи пред пошироката јавност и поттикнување на рурален развој. Затоа е изберено село за одржување на манифестацијата."

Тенденција е да биде традиционална и секоја година да се одржува во различно село за да биде што поблиску до луѓето кои живеат во таа средина. Живка Наумова од Агенцијата за поттикнување на зејоделското производство, при постојаните контакти со земјоделците вели дека за нив ова ќе значи:

,,Сите земјоделци со своите ракотворби, жени со нивните ракотворби, сите се заинтересирани и сакаат да учествуваат во вакви манифестации."

„Селото се буди“ првиот саем на земјоделието во кумановско предизвика љубопитност од многу граѓани,но и од повеќе меѓународни претставници.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG