Достапни линкови

БОСНА БЕЗ ДОГОВОР


Бутмир- состанок за уставни промени.
Бутмир- состанок за уставни промени.
Разговорите во Бутмир завршија без договор.

Милорад Додик – Премиер на Република Српска.

„Договорот кој го предложи Меѓународната заедница не може да биде основа за преговори.

Харис Силајџиќ од Партијата за БиХ

„Ние не можеме како Партија за БиХ – не можеме“ .

и Сулејман Тихиќ од Странката за Демократска Акзија.

„Пропаста на овие разговори значајно би влијало врз радикализацијата на состојбите во земјата“.

Лидерот на Хрватската Демократска Заедница Драган Човиќ пак и натаму смета дека постои можност да биде донесена декларација за Уставот до 18 Ноември како и да бидат договорени прашањата врзани за регулирање на имотот на Босна и Херцеговина. Имено Заменик американскиот државен секретар Џејмс Стајнберг и шефот на шведската дипломатија најавија можност за нова посета на Босна во Ноември и дека процесот на преговори ке продолжи идната недела со тимот на експертите на САД и на Унијата.
Некои партии треба да покажат поголем степен на решителност и флексибилност

„Со партиите го разгледавме пакетот на предлози, кој според наше мислење би допринел кон целта за која постои согласност. Иако одреден напредок е постигнат, натамошни преговори ке бидат потребни за да се тргне напред за прашањата за кои нема согласност а за кои некои партии треба да покажат поголем степен на решителност и флексибилност“

се вели во заедничката изјава на Стајнберг и Билт кои заедно со евро комеарот за проширување Оли Рен ги водеа овие разговори со босанските лидери кои беа оценети како клучни да се постигне спогодба која земјата ќе ја насочи кон евроатлантските интеграции.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG