Достапни линкови

Продолжување на соработката меѓу САД и Македонија


Македонија и САД потпишаа меморандум за разбирање за обука на кадри во државната администрација како дел од реформите во администрацијата кои се обврска од евроинтеграциските процеси, но и како продолжување на блиската соработка меѓу двете земји.

Македонија и САД потпишаа меморандум за разбирање за обука на кадри во државната администрација како дел од реформите во администрацијата кои се обврска од евроинтеграциските процеси, но и како продолжување на блиската соработка меѓу двете земји.

„Овој договор ќе ги штити нашите инвестиции со тоа што ќе гарантира дека луѓето кои се обучени преку наши програми за поддршка, ќе останат на позиции каде овие обуки ќе можат да се искористат.“

„Дополнително една од обврските што денеска ги преземаме е и соодветно вреднување на квалитетите и знаењето на државните
Како што претходно кажав Владата на Соединетите Држави има вложено над 1 милијарда американски долари во реформирање, ако можам да кажам на државата, со цел да ги привлече компаниите, односно да стане поконкурента
службеници кои ќе ги посетуваат овие обуки.“

Изјавија амбасадорот на САД во земјава Филип Рикер и вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски. Денешниот документ беше презентиран и форма на потврда за стратешкото партнерство на Македонија и САД кое веднаш по самитот на НАТО во Букурешт на кој Македонија не стана членка, беше официјализирано низ Декларација за стратешко партнерство. Американскиот амбасадор нагласи дека одрдени спогодби во областа на образованието, културното наследство како и денешната во областа на администрацијата се области преку кои тоа се реализира. Оваа декларација беше еден вид компензација за неуспехот да се совлада грчкото вето дури и со очигледните залагања од страна на велесилата. Македонските експерти ваквата поддршка ја ставаат во контекст на американскиот интерес да се гареантира стабилност во овој дел од светот и е поддржана со разни форми на техничка и и на финансиска помош. На планот на инвестициите показателите не се многу охрабрувачки бидејќи американските инвеститори сеуште не ја гледаат Македонија како конкурентна бизнис дестинација.

„Како што претходно кажав Владата на Соединетите Држави има вложено над 1 милијарда американски долари во реформирање, ако можам да кажам на државата, со цел да ги привлече компаниите, односно да стане поконкурента, додека Владата на Соединетите Американски Држави не ги контролира компаниите во земјата и неможе да им каже каде да инвестираат, туку може само на еден начин да ги охрабри.“

Изјави амбасадорот Рикер.
XS
SM
MD
LG