Достапни линкови

Консензус, а не кавги за законот за државни службеници?


Дебатата во Собранието за законот за државни службеници предизвика расправии не само меѓу опозицијата и власта, туку и меѓу самите опозициони партии. Дали расправиите во Собранието се најава за нови негативни забелешки од Брисел, со оглед на тоа дека ЕК препорача законот да биде донесен со широк консензус?

Законот за државни службеници ја раскара опозицијата. Откако документот влезе во собраниска процедура, власта и опозициските партии кршеа копија за нерешеното прашање за партиски вработувања. Вчера пратениците на опозициските СДСМ и ЛДП не расправаа за понудените решенија во Законот, туку за присуството на опозиционерите на лидерските средби. Имајки предвид дека Европската комисија препорача донесување на Законот за државни службеници со широк консензус, се поставува прашањето дали расправиите во Собранието се најава за нови негативни забелешки од Брисел?
Професорката Рената Десковска вели дека продуктивните расправии во Собранието се секогаш позитивни:
Секоја дебата во која што се соочуваат аргументи, во која се даваат контрапредлози, се усогласува, мислам дека е во духот на демократијата


„Секоја дебата во која што се соочуваат аргументи, во која се даваат контрапредлози, се усогласува, мислам дека е во духот на демократијата. Така што самиот поим дебата претставува спротивставување на различни идеи. Пратениците треба да дојдат во Парламентот со сопствените идеи и да излезат со заеднички консензус, така што имањето дебата треба да се гледа како нешто позитивно, а не негативно.“

Десковска додава дека доколку власта ја надгласа опозицијата во Собранието без развој на дебата, тоа би било негативен сигнал за Европската комисија.

„Јас мислам дека основна карактеристика на секоја парламентарна дебата е да расправа околу законските решенија кои што се предложени. Немањето дебата е да ви дојде законот во Парламентот и само да помине, со надгласување на опозицијата, во тој случај тоа би било проблематична процедура за Брисел, односно процедура во која нема почитување на демократските стандарди.“

Европската комисија препорача изгласување на Закон за државни службеници со кои би се вовел нов систем на работни места во
Немањето дебата е да ви дојде законот во Парламентот и само да помине, со надгласување на опозицијата, во тој случај тоа би било проблематична процедура за Брисел
државната служба, би се имплементирал систем на кариера каде партиските влијанија ќе бидат одбегнати и би се направила јасна поделба на функциите на политичко ниво од функциите на државните службеници. Професорот Осман Кадриу вели дека забелешките на опозициските партии по овие прашања не се многу различни:

„Главно целта и нивните насоки, забелешки, во глобала се исти. Тоа се нијанси кои што беа истакнати од опозицијата меѓутоа главно тие забелешки што ги истакнуваат и според моето мислење постојат и мора да се води сметка.“

Инаку, Законот за државни службеници под закрила има 10 проценти или околу 13 илјади вработени во целокупниот јавен сектор.
XS
SM
MD
LG