Достапни линкови

Балканот во НАТО


Расмусен во Приштина
Расмусен во Приштина
При денешната посета на Косово, генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен рече дека сака да обезбеди евроатлантска перспектива на регионот, но оти балканските земји, сепак ќе мора да ги исполнат неопходните критериуми за челеноство во Европската унија и во НАТО.

"Моја цел е да обезбедам евро-атлантски перспективи за сите држави на Балканот, за Косово, како и за Србија. Мислам дека тоа ќе придонесе за стабиност, безбедност, но и за просперитет за овој дел од Европа. Се разбира ова е врз основа на одредени услови".
Евро-атланската персепктива на Балканот е моја цел доколку се исполнат одредените услови.

Државите, независно дали зборуваме за ЕУ или за НАТО, мора да ги исполнат неопходните критериуми, како мирно решавање на несогласувањата и заштита на малцинските права“. Расмунсен во Приштина најави намалување на трупите на НАТО како резултат на подобрената безбедносна ситуација. Косово ке биде приоритет во мојата работа, изјави Генералниот секретар на НАТО. Андерс Фог Расмусен е во прва официјална посета na Косово. Тој веднаш по пристигнувањето разговараше со командантоот на КФОР, Џузепе Емилијо Гајем, кој го извести за безбедносната состојба. Првиот човек на НАТО се срекава и со другите меѓународни преставници, како и со косовското раководство. Расмусен, е на чело на НАТО од почетокот на месецов.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG