Достапни линкови

Ребаланс ќе има?


Зоран Ставревски, министер за финансии
Зоран Ставревски, министер за финансии

Во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, министерот за финансии Зоран Ставревси потврди дека очекува да има ребаланс на буџетот, но дека потребата не е итна

Министерот за финансии Зоран Ставревски потврди дека се очекува да има ребаланс на буџетот но потребата засега не е итна. Неговиот претходник Славевски на заминување предупреди дека е непоходен итен ребаланс и оти во септемри ќе биде доцна зошто
Веројатно првичните анализи што ги направивме покажуваат дека ќе има потреба од ребаланс во третиот квартал од годинава, но таа потреба не е од ургентен карактер
даночните приливи се намалени за 12 проценти. Првичните резулатите за јули се дека постепено се стбилизираат приходите, треба да почекаме да видими дали е тоа тенденција и дали ќе продолжи а потоа ке ја известиме влаадат за тоа кога е опотребно да се направи ребалансот и со која големина ијзави Ставревски во интервју за Радио Слободна Европа што ке се емитува во недела

„Веројатно првичните анализи што ги направивме покажуваат дека ќе има потреба од ребаланс во третиот квартал од годинава, но таа потреба не е од ургентен карактер.“

Износот на ребалансот ќе зависи и од тоа колкави ке бидат приходите во јули и август, до оној момент додека ребалност се предложи на владата. Во мегувреме во тек се средби со пооделните институции на кои се разговара за процентот на искористување на расходите со цел да се види и на таа страна колку може да се заштеди рече Ставревски откако на оваа тема Славевски посочи дека е непходно кратење на буџетот во висина од 100 милиони евра за да се зачува макро економската стабилност

„Моите проценки се дека нема потреба од толку високо кратење на расходите, но се зависи од анализите што треба да се направат на расходите и приходите.“
Моите проценки се дека нема потреба од толку високо кратење на расходите, но се зависи од анализите што треба да се направат на расходите и приходите

Експертите се на мислење дека е потребно што поскоро да се направи ребаланс на буџетот,предупредувајки дека очекуваат приходите уште повеке да се намлуваат. Професорот Мирољуб Шукаров од своја страна ги смета најавите на новиот вицепремиер за економија Владимир Пешевски за економски раст кон крајот на годината за премногу оптимистични и ризични.

„Посебно што имавме висок раст во истиот квартал лани. Веројатно годината ќе ја завршиме со минус од 1,5 не повеќе од два проценти.“

За професорот Зоран Ивановски доколку се затегне ременот во делот на непродуктивните расходи што би ги опфатило разните презентации , патувања , опремувања и слично, не е неостварлива ниту позитивната стапка на економски раст до крајот на годинава.

„И покрај тоа што се одморите, Македонија генерира поголем обем на производи и услуги во овој период, затоа што сме земјоделска земја, второ услуги имаме и туризам.“

Многу тешко е да се прогнзора како ке заврши годината вели Ставревски. Во политиките што си ги поствува владата тој нагласува дека најзнчајно ке биде во стопснтвото што помалку фирми да ги чуствуваат последиците и тие последици да бидат што е можно поблаги а и истото се однесува и на работниците во тие форми.

„Во вакви времиња на економска криза во светот, се што е блиску од нулата во однос на БДП е успех.“

Во најновиот извештај на НБМ се потврдуваат прогнозите на ММФ за пад на БДП за два проценти.Извесно закрепнуавње се очекува дури наредната година кога се оќекува арстот да достигне едвај 1 отсто.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG