Достапни линкови

Се разгледуваат можни решенија за името


Македонскиот државен врв ќе оддржува координативни средби и во наредниот период за да ги разгледа идеите предложени од медијаторот Метју Нимиц.

Македонскиот државен врв, вчера вечер, како што соопштува Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, „внимателно“ ги разгледувал идеите предложени од посредникот на ОН во спорот за името со Грција Метју Нимиц и оти била отворена првична дискусија за нив.
Државниот врв ќе одржува координативни средби и во наредниот период, велат во Кабинетот на Претседателот.
На средбата на државниот врв, што ја свика шефот на државата Ѓорге Иванов, во претседателската вила Водно, присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Абдулаќим Адеми, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски и амбасадорот Зоран Јолевски.
„Било нагласено дека Република Македонија останува посветена и конструктивна во процесот, со цел да се најде решение прифатливо за македонската и за грчката страна, за кое граѓаните на Република Македонија би се изјасниле на референдум“, стои во соопштението од Кабинетот на Претседателот.Опозицијата смета дека, со идејата за референдум, власта бара изговор за одолговлекување на
Битно е политичката елита да застане зад тоа решение. Откога тоа ќе се случи нивниот дел од работата е завршен делумно, а потоа треба да му се образложи и на народот, па дури потоа да се оди на она на што тие инсистираат – референдум
решението и се обидува да ја избегне одговорноста.

,,Заговарањето на референдумско изјаснување ги слабее македонските позиции.Од друга страна покажува дека и покрај апсолутната власт Груевски се уште се плаши од компромис и се затскрива зад граѓаните на Република Македонија. Сето тоа според мое мислење дополнително ги комплицира работите и не навестува брзо решение на спорот.,,

вели пратеникот Владо Бучковски.
Меѓу аналитичарите, пак, има несогласувања за тоа прашање. Едни се согласуваат со опозицијата, додека други сметаат дека референдумот е демократско право, што треба да се искористи кога се работи за едно многу важно прашање. Поранешниот шеф на дипломатијата Денко Малевски, пак вели дека Македонија е далеку од референдум.

,,Општата атмосфера е толку сериозна, што јас сум голем скептик дека е можно владата и претседателот да излезат со заедничко решение на разумен или било каков компромис во овој момент. Јас повеќе би рекол дека е потребно да стивнат страстите.,,

Власта прво треба да дојде до решение и да рече ова решение е добро, вели Малевски.На средбата кај Претседателот Иванов, станало збор и за очекувањето на преговарачот Нимиц во август да ги слушне размислувањата на властите во двете држави во врска со начините и можностите за изнаоѓање прифатливо решение.

,,Битно е политичката елита да застане зад тоа решение. Откога тоа ќе се случи нивниот дел од работата е завршен делумно, а потоа треба да му се образложи и на народот, па дури потоа да се оди на она на што тие инсистираат – референдум.,,
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG