Достапни линкови

Источна Европа, комунизмот заменет со корупција


Корупцијата го замени комунизмот како убедување во Источна Европа, се наведува во анализата што деновиве беше објавена во Економист. Во неа се оценува дека компании и политичари влегуваат во монтирани тендери, обично неказнети, поради тоа што правната контрола е слаба, а гласачите се апатични. Во една таква атмосфера, тајкуните купуваат медиуми за да вршат политичко влијание, а не да бркаат профит.

Јута Стрике нема да каже каде ги минала изминатите неколку недели. Но, фактот што една од најпознатите летонски антикорупционерки мораше да ја напушти земјата заради нејзина безбедност е доказ за растечката плима на стравување во поранешните комунистички земји, особено кај оние што се обидуваат да се справат со корупцијата.

Деновиве чешката влада е потресена од корупциски скандал што ја поврзува политичка партија на власт со приватна агенција за обезбедување. Во Бугарија, пак, политичарите ги остава беспомошни тендерот за нуклеарна енергија.

Акција против корупцијата во Русија

Во Романија и Словачка обидите за реформа на судството се блокирани, се набројува во текстот на Економист, во кој се оценува дека дури и аутсајдерите кои со антикорупциски билети добиваат на избори за неколку месеци стануваат плен на системот.

Корупцијата тешко се мери и таа варира. Естонија е почиста од некои западноевропски земји; неколку источни земји имаат полоша репутација од Грција. Но, впечатливо е дека дури и прекалени воини во војната против ова зло се мачат залудно.

Антикорупциските напори не успеваат да ја вклучат пошироката јавност, вели романскиот борец против корупцијата, академик Алина Мунгиу Пипиди. Со тоа се согласува и поранешниот чешки дисидент Јан Урбан, кој додава:

„Она што ви треба е малку успех.“

Чешките групи успеаја на минатите избори да соборат многу политичари од старата гарда. Но, новата влада која се покажа дека е поврзана за бизнис интересите не ги исполни ветувањата за справување со корупцијата.

Бизнисот стравува дека ако не плати мито тоа ќе му донесе одмазда - бирократско малтретирање, произволни даночни барања или пропуштање на договори за јавни набавки.

Предностите на Европската унија ја губат својата сила откако земјите ќе и се приклучат на Унијата. Всушност, милијардите евра од Брисел за модернизација на инфраструктурата и на јавните услуги често се покажуваат како извор на корупција.
Бодо Хомбах, шефот на големиот германски медиумски инвеститор ВАЦ, вели дека ,,тесната испреплетеност на олигарсите со политичката моќ го труе пазарот,,. Таквите сопственици, како што тврди, купувале медиумите за да вршат политичко влијание, а не да бркаат профит.

Компании, политичари и официјални претставници влегуваат во монтирани тендери, обично неказнети, односно правната контрола е слаба, а гласачите се апатични и цинични. Медиумите лаат, но малку гризат.

Рекламните кампањи поврзани со промовирање на договорите и правилата на Европската унија им даде голема сила на официјалните лица и политичарите кои сакаат да ја наградат таа поволна покриеност. Во Литванија на пример, најголем огласувач е Министерството за земјоделство. Затоа и нема никаков критички преглед на неговите активности. Државните индустрии често играат слична улога.

Профитабилноста на медиумите опадна со финансиската криза. Тоа доведе многу странски сопственици да се ослободат од нивните болни инвестиции, а од локалните тајкуни, гладни за влијание, добија многу поволни цени. Шведските сопственици на главниот дневник во Летонија, Диена ги продадоа акциите преку матни трансанкции на непознат сопственик, по што многу од новинарите кои се вклучени во истраги за антикорупција беа отпуштени.


Бодо Хомбах, шефот на големиот германски медиумски инвеститор ВАЦ, вели дека „тесната испреплетеност на олигарсите со политичката моќ го труе пазарот“. Таквите сопственици, како што тврди, купувале медиуми за да вршат политичко влијание, а не да бркаат профит. Решенијата се ретки. Гласачите сакаат цврста рака, можеби од авети. Но, како што покажува Русија, лекот може да биде полош од болеста.

Бугарскиот аналитичар Иван Крастев вели дека вистинскиот проблем со корупцијата е соучесништвото што ја создава.

„Ние сме заокружени со сенка од мрежи што ги прават земјите неуправувани или управувани од некој друг.“

Само 20 години откако ја повратија слободата, голем дел од земјите во Источна Европа ризикуваат да ја загрозат, се заклучува во текстот објавен во Економист.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG