Достапни линкови

Прв хомосексуалец министер - историја на Балканот


Ана Брнабиќ
Ана Брнабиќ

Ана Брнабиќ ја бранува Србија, но и Балканот. Таа е една од шесте нови министри во српската влада, но го доби целото внимание како прв јавно деклариран хомосексуалец министер во една балканска влада, пишува Гордана Кнежевиќ.

Четириесетгодишната Ана Брнабиќ зборува англиски и руски и е образована во САД и Велика Британија. Како експерт за јавна администрација во 2006 ја основа и НАЛЕД – Национална алијанса за локален економски развој. Таму беше претседател на бордот, а работеше и како координатор на програмата на УСАИД за економски развој на локалната самоуправа, при што имаше блиска соработка со владата. Во 2013 беше прогласена за бизнис- жена на годината.

Но, Ана Брнабиќ стана вест во светот како прва жена деклариран хомосексуалец министер во српската влада. Таа не е поврзана со партија и доби поддршка на социјалните мрежи.

Таа изјави дека не сака да биде позната како министер хомосексуалец, туку како министер за јавна администрација и локална власт. Нејзиниот шеф, српскиот премиер Александар Вучиќ доби силна подршка од ЛГБТ заедницата во Србија, која оцени дека Србија станува општество со еднакви можности за сите, без разлика на сексуалната ориентација, туку според способностите и квалитетите.

Опоненти на геј парадата во Белград.
Опоненти на геј парадата во Белград.

Србија се бори да стане инклузивно општество. Хомофобијата е раширена, како и во другите балкански општества. Белград е под притисок од почетокот на преговорите за членство во Европската унија да ја подобри заштитата на малцинствата, вклучувајќи ја и ЛГТБ заедницата. Сликите од нападите на националистите и радикалите и судирите со полицијата од Парадата на Гордоста во 2010, кога беа повредени 150 луѓе, се свежи. Поради страв за безбедноста до лани беа откажани парадите, ланската парада мина без инцидент. Но, на улиците на Белград имаше повеќе полиција, отколку активисти на ЛГБТ заедницата.

Во Србија има многу влијателни луѓе кои ја подржуваат дискриминацијата. Кога се случија поплавите во 2014, српскиот патријарх Иринеј изјави дека катастрофата е предупредување од господ затоа што во Белград се готвела Парада на Гордоста. Според Иринеј, тоа е против господ и законите на природата.

Запрашан за именувањето на Ана Брнабиќ, премиерот Вучиќ изјави дека тој едноставно се надева во влада која ќе испорача резултати.

„Мене личниот избор на Брнабиќ не ме интересира и таа е добредојдена во српската влада“, изјави Вучиќ.

Тој имаше уште едно изненадување за новинарите и за јавноста. Вети дека во вториот мандат ќе биде поотворен за критики. Дали се тоа знаци за нов Александар Вучиќ во Србија?

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG