Достапни линкови

СЈО - Мијалков осомничен за тортура врз Бошкоски


„Тортура“ - нов случај на СЈО
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:48 0:00

„Тортура“ - нов случај на СЈО

Поранешниот директор на УБК и припадници на единицата Алфи се осомничени во случајот Тортура што го поведе СЈО. Случајот е за постапката при апсењето на Љубе Бошкоски.

Поранешниот директор на УБК и командантот на единицата Алфи се прво и второoсомничени во случајот Тортура за апсењето на претседателот на Обединети за Македонија за кој денеска Специјалното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување на истражна постапка. Како што соопштија од СЈО вкупно за седум лица постоело основано сомнение дека сториле кривично дело „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“.

Моќта и на функцијата и воопшто општата претстава за личноста на Директорот на УБК произвела беспоговорно постапување на полициските службеници и сервилна покорност на неговите наредби, вклучително и на оние наредби како оваа, со која директно се напаѓа човековото достоинство.
Фатиме Фетаи, СЈО.

Првоосомничниот, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, поради дискриминација врз основа на различна политичка определба ги навел останатите осомничени службеници вработени во единицата Алфа да предизвикаат душевно страдање кај Бошкоски кој беше уапсен пред ресторанот Воденица на шести јуни 2011 година, ден по парламентарните избори.

„Моќта и на функцијата и воопшто општата претстава за личноста на Директорот на УБК произвела беспоговорно постапување на полициските службеници и сервилна покорност на неговите наредби, вклучително и на оние наредби како оваа, со која директно се напаѓа човековото достоинство. Притоа второосомничениот, кој бил командант на единицата Алфи со зборовите, „Легнете го на земја, на земја да се апси“, „Легни го доле, легни го доле“, издал наредба за начинот на реализација на апсењето, по што трето, четврто, петто, шесто и седмоосомничениот употребиле прекумерна физичка сила, насилно го легнале на земја, удирајќи го оштетениот Бошкоски по нозете и држејќи го за рацете. Истите, го малтретирале, застрашувале и навредувале со зборовите “Шефот ми рече, шефот ми рече осум години затвор не ти бегаат“, „Нека лежи ѓубрето“, „Ајде сега нека лае против шефот“, , „Ти дојде моментот“, „Дојде моментот да се реванширам“, и други вулгарни зборови и пцовки спрема неговата мајка, сопруга и деца, а во тие моменти третоосомничениот му го ставил и пиштолот на левиот образ, упатувајќи му ги зборовите „бел ден да не видиш“, рече Фетаи.

Дел од осомничените за овој случај веќе биле на сослушување во обвинителството, но од таму заради постапката не открија дали меѓу нив бил и првообвинетиот. Фетаи додаде и дека против сите осомничени лица кои се уште работат во МВР до Основниот суд Скопје 1 ќе биде поднесен предлог за определување на мерка на претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Инаку во една од т.н. бомби што ги обелодени опозицијата лани, како што рече тогаш претседателот на СДСМ Зоран Заев, се слушале гласовите на Мијалков и новинарот и уредник во телевизијата Сител Драган Павловиќ Латас кои зборувале за приведувањето на Бошкоски.

„Машки глас 1: И сега стварно сега со стотче у кеш го фатиле?

Машки глас 2: Да, ги фрлил парите 100.000. Пет-шест...десет парчиња по 10.000.

Машки глас 1: Оф, оф, оф.

Машки глас 2: Лежеше таму едно пола саат на стомак, врзан на лисици. Дојдоа новинари го испосликаа, лом го направија, вриштел: Сашо Мијалков ме намести и солзи течеле.

Машки глас 1: Леле, леле, леле.“

please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00
Директен линк

Од Oбвинителство соопштија и дека во текот на оваа недела до Врховниот суд ќе поднесат барање против решението на кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција на основниот суд Скопје 1 за незаконското лишување од слобода на осомничениот во претходниот случај за изборни измами, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко. Специјалната обвинителка Катица Јанева потврди и дека го преземале случајот Шпион, дека ќе воспостават надлежност и над предметот „Маџар телеком”, предметот против Зоран Верушевски за поседување оружје и против Горан Верушевски. Во врска пак со одземањето на документи од Централниот регистар минатата недела обвинителката Ленче Ристoска рече дека соработката со институцијата сега била добра.

„Немало уништени материјали ги прибавивме сите материјали коишто го баравме се работи за предистражна постапка која што е во тек и за која што ни требаа регистарските влошки оформени во Република Македонија и регистрирани пред Централниот регистар меѓутоа со оглед на тајноста на предистражната постапка не би сакале сега да соопштуваме ниту во која постапка против кои лица ниту за кои правни лица се работи”, рече Ристоска.

Ова е втор предмет кој јавно го обелоденува Специјалното јавно обвинителство. Пред 45 дена тие го отворија случајот Титаник поврзан со изборни измами во кој осомничени се меѓу другите поранешните министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG