Достапни линкови

Турција ќе ги интегрира мигрантите


Турција ќе ги интегрира мигрантите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Турција ќе ги интегрира мигрантите

Пред денешниот самит во Брисел на Европската унија и Турција за запирање на бранот мигранти, Анкара почна со програмата за интегрирање на сириските бегалци. Станува збор за интензивирани напори со цел околу трите милиони Сиријци да бидат вклучени во турското општество.

Турската влада во изминативе недели започна да им гарантира на сириските бегалци дозволи за работа. Овој потег беше поздравен од раселените Сиријци. За домашните експерти, пак, ваквиот чекор претставува промена на турската позиција спрема сириското прашање.

„Кога дојдоа, тоа беше голем шок. Мислам, дојдоа голем број луѓе за многу кратко време. Имаше многу проблеми меѓу локалното население и Сиријците поради различниот начин на живот, различните култури, јазикот“, вели турскиот аналитичар Ајтун Орхан.

За да ја ублажи бегалската криза, Европската унија предвиде три милијарди евра за Турција за да ги прифати и смести Сиријците кои се обидуваат да влезат во Европа преку Грција и таканаречената балканска рута.

Турската влада проценува дека околу милион сириски бегалци ќе продолжат да престојуваат во Турција и откако ќе биде завршена кризата во Сирија.

Користењето на Турција како безбедна трета земја е апсурдно. Европа има апсолутна должност да ги заштити и мора да донесе јасни решенија за итно и безусловно сместување на бегалците.
Гаури ван Гулик, заменик директор на Амнести интернешнал за Европа

„Затоа, постојаното интегрирање на бегалците во локалната заедница стана итно, но и горливо прашање кое треба да го реши турската влада“, вели Метин Корабтир, генерален координатор на Истражувачкиот центар за азил и миграција.

„Сега имаме околу три милиони бегалци од Сирија и не постои начин за нивно дислоцирање. Годинава тоа стана јасно. Затоа владата почна да прави нешто за да им помогне да се интегрираат“, вели тој.

Турската влада соопшти дека направила планови во шест области вклучувајќи ги: здравствената заштита, образованието, религијата и сместувањето за да се забрза процесот на интеграција на бегалците од Сирија.

„Пристапот на пазарот на работна сила е важна работа. Тоа е итно, но исто така нешто што е клучно е и образованието“, вели Корабтир.

Турција е земја со најголем број сириски бегалци во светот. Во Анкара и во Истанбул не постојат посебни кампови за бегалците и мигрантите и тие живеат заедно со локалните жители.

„Иако ситуацијата со бегалците предизвика некои социјални немири, турската влада и невладините организации се обидуваат да им помогнат“, вели Сулејман Сенсој, претседател на Турско-азискиот центар за стратегиски студии, кој додава дека во тоа на Турција и е неопходна помош од Европската унија.

„Унијата и Турција треба да работат заедно за да обезбедат поефикасна економска помош“, вели Сенсој.

Во меѓувреме, заменик директорот на Амнести интернешнал за Европа, Гаури ван Гулик, изјави дека не е доволно потпирањето само врз Турција за решавање на бегалската криза.

„Користењето на Турција како безбедна трета земја е апсурдно. Европа има апсолутна должност да ги заштити и мора да донесе јасни решенија за итно и безусловно сместување на бегалците“, оцени Гулик.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG