Достапни линкови

Ванхауте: Кредибилни избори наместо рокови


На 24-ти април технички може да се одржат избори, но не може до тогаш да се исчисти избирачкиот список кој ќе донесе доверба во процесот, е ставот на ДИК. Питер Ванхауте вели дека е поважно изборите да бидат кредибилни, отколку да се придржуваме до рокови кои и без тоа се пробиени.

Избори на 24- април технички може да се спроведат, но не и темелна проверка на избирачкиот список, е ставот на Државната изборна комисија кој претседателот Александар Чичаковски во писмена форма им го подели на претставниците на партиите во работната група за изборите која на итен состанок ја свика белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.

Очигледно е дека не треба да се држиме до роковите. Она што е потребно е да се обезбедат прво сите услови за пречистување на Избирачкиот список за да има кредибилни избори“, изјави Ванхауте.

Во соопштението кое што подоцна им беше поделено на новинарите наместо изјава и одговори на прашања, е наведено дека не може да се прецизираат роковите околу пречистувањето на Избирачкиот список и дека се потребни за тоа најмалку три до четири месеци.

„На прашањето дали избори на 24 април може да се спроведат, мојот одговор е дека технички изборите може да се спроведат, меѓутоа проверка и пречистување на Избирачкиот список не може да спроведе што значи дека не може да се обезбеди ниту Избирачки список во кој сите ќе имаат доверба“, пишува во соопштението .

Во документот кој Чичаковски им го предаде на новинарите пишува дека ДИК има големи предизвици, и дека Комисијата се уште не е соодветно екипирана , а тие проблеми го загрозуваат спроведувањето на активностите во услови на скратени рокови, не само во поглед на политичката криза туку и во поглед на предвремените парламентарни избори.

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте смета дека за кредибилни избори е потребно време. Тој посочи дека е поважно изборите да бидат кредибилни отколку да се придржуваме до рокови кои и без тоа се пробиени.

„Очигледно е дека не треба да се држиме до роковите. Она што е потребно е да се обезбедат прво сите услови за пречистување на Избирачкиот список за да има кредибилни избори“, изјавиВанхауте.

Тој додаде дека денешната средба е завршена и дека таа поминала во тензична атмосфера и дека дел од претставниците на партиите несоодветно се однесувале па немало простор за повеќе прашања до членовите на ДИК.

Во меѓувреме со соопштение се огласија и двете најголеми македонски партии.

СДСМ смета дека „Никола Груевски се плаши од фер, слободни и демократски избори затоа што, како што се вели во нивното соопштение, затоа што не сака да се соочисо одговорноста за целокупниот криминал на фамилијата и затоа не сака прочистен избирачки список, ниту пак слободни медиуми. Во продолжение е наведено дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнија клучните обврски од Договорот од Пржино, не е прочистен Избирачкиот список, не е спроведена регулација на медиумите, a не функционира ниту Анкетната комисија за незаконското прислушување.

За СДСМ не се прифатливи избори без слободни медиуми и без прочистен Избирачки список и на такви избори нема да учествува.

На ова реагираше и владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со соопштение во кое се вели дека врвот на СДСМе свесен дека 24-ти април е крајот на нивните политички кариери. Затоа за последен пат се обидуваат целата држава и граѓаните да ги држат како заложници.

„СДСМ е свесен дека Заев ќе биде жестоко казнет од народот за неговите деструктивни политики. СДСМ знае дека после 24-ти април нивните министри ќе мора да си ги спакуваат куферите и заедно со „Фабриката за афери” да заминат на политичкото буниште“, се вели дека соопштението.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG