Достапни линкови

Шаќири - Разочаран сум во луѓето што молчат и трпат


Шаќири - Разочаран сум во луѓето што молчат и трпат
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:39 0:00

Шаќири - Разочаран сум во луѓето што молчат и трпат

Во секоја нормална земја после онолку „бомби“ на опозицијата, ќе имаше драстични пореметувања во политичкиот живот, а кај нас никому ништо. Затоа искрено јас не сум разочаран ниту во власта, ниту во опозицијата, јас сум разочаран во самиот народ којшто е подготвен да трпи, да ќути, некој за 8 илјади денари, а некој ни за толку, вели музичарот Арбен Бени Шаќири во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Шаќири, вие дефинитивно не припаѓате во онаа таканаречена замолчана јавност или замолчани интелектуалци и уметници, но се чини дека најголемиот дел од вашите колеги молчат, па дури и кога има работи што директно ги засегаат, како што беше законот за хонорарци. Зошто молчат?

Можеби немаат храброст, можеби прават некаква калкулација во главата, можеби ставаат на кантар. Ако сега премолчам, можеби утре ќе земам некоја трошка. Се работи за личен став, тука не можеш никого поединечно да судиш, ниту, пак, да го анализираш, се работи за личен став. Јас на пример не сакам да молчам, но не сакам ни претерано и попуста да одам да зборувам и да се удирам во гради. Мојот став е таков каков што е и е познат на сите. Не милувам нон-стоп нешто да се бунтувам и да пишувам на Фејсбук како сега јас сум нешто голем противник и поборник за не знам каква правда. Мојот став е познат и секој треба за себе да одлучува дали треба да го крене својот глас и против што и зошто, ако евентуално има некоја неправда, а ги има многу.

Звучите прилично дефетистички, сметате дека не може да промените ништо со гласност?

Ако се обидуваш на некој вака суптилен начин да ме чепнеш за да излезе тоа што јас го мислам за актуелните политички состојби во државата и некако целиот наш живот се врти околу таа политика и зависиме од неа. Во секоја нормална земја после онолку „бомби“ коишто ги објави опозицијата, ќе имаше драстични, не знам како би ги нарекол, тектонски пореметувања во политичкиот живот, а кај нас никому ништо. Тоа нам ни се претвори во некоја шпанска серија, како секој ден народот да очекуваше некакво продолжените на некоја наредна епизода од истата таа серија, затоа искрено јас не сум разочаран ниту во власта, ниту во опозицијата, јас сум разочаран во самиот народ којшто е подготвен да трпи, да ќути, некој за 8 илјади денари, некој ни за толку.

Се појавивте на опозицискиот митинг пред владата на 17 мај и рековте дека со музика ќе го дигнете својот глас против состојбите во државата. Кои се првите два стиха кои ви доаѓаат на памет?

Сега во моментот не може да ми текне ништо паметно, но еден стих ми е, всушност тоа се два пасуса, едниот е од наслов на книга на Џони Штулиќ, а вториот е од една негова песна, инаку човек кој посебно го почитувам, го имам преслушано и прочешлано одамна. Значи првиот е „Nemam više ni s kim, a ni protiv koga“ (Веќе немам ни со кого, а ни против кого. Тоа е наслов на една негова книга, збирка на негови текстови. Вториот е пасус од една композиција, од една песна коа се вика „Курвини синови“ - „Lutka od krvi bez trunke ideje“ (Кукла од крв без трошка идеја).

Во Македонија генерално кога некој нешто ќе искритикува веднаш се прогласува за предавникк. Зошто?

Затоа што така им одговара на моќниците да ги постават работите за да може да владеат. Тоа е сосема регуларно, сосема, би го нарекол, легално. Што очекуваат овие од опозиција? Демек сме ние некоја возвишена раса па сега ќе седнеме ќе се разбереме на маса. Ние до тука, не ни одеше, ај сега вие пробајте. Не, значи секој властодржец кога ќе ја зграпчи, особено балканскиот менталитет, начин на размислување, е ако може едно 4 илјади години да владее, зашто така размислуваат луѓето коишто ја водат земјата, дека ќе можат да располагаат со сè тука, дека се најповикани, најпаметни, најумни, дека никој ништо не знае, само тие знаат. И потполно се согласувам дека човек кога ќе добие власт треба да даде максимум од себе, но да даде во позитивна насока, зашто навистина е без врска да гледаш да чепкаат во контејнери и да се удираат во гради политичарите како им дале социјална помош и како де факто постои социјална правда во Македонија и кога ќе чуеш дека таа социјална помош е 1.300 – 1.500 денари, а очилата на премиерот се, не биле 60 илјади долари, туку се само 2.500, тоа е дегутантно.

Изминатите месеци бевме сведоци на едно граѓанско будење, искажување револт, нешто што со години не се случуваше. Почна со студентите, продолжи со хонорарците... Колку луѓето може да променат нешто во општеството?

Тие протести она што го сменија, го сменија само во контекст на актуелната политичка гарнитура, затоа што истата таа гарнитура, знаете се обидувам да ја избегнам политиката, но сите ваши прашања се од тој домен, во тој правец, им одат во прилог, некако ги освестуваат политичарите. Луѓето што се на чело, луѓето што се влијателни го имаат инструментот во рака за да сменат, конкретно закон, не размислувајќи дека еве го оспорија Законот за хонорарци, излезе Ставрески кажа дека се повлекува, се анулира тој закон, меѓутоа оние што го кренаа својот глас не се свесни дека повлекувањето на закон де факто ќе значи голем поен за власта, затоа што еве ние сфативме дека тој закон ги оправда сите средства до тогаш искористени во корист на тој закон и дека веќе работата е завршена, ние го повлекуваме, ние сме свесни дека нема потреба повеќе да е на сила, значи тоа е поен плус за луѓето што се на власт. А, луѓето што го кренаа гласот тоа го гледаат како некаква своја победа и тоа де факто е победа, но победа којашто ќе ја искористи спротивната страна, така што мислам дека ништо не сме направиле.

Колку уметноста и е подредена на политиката во последните да речеме десетина години? Архитектура, музика...

Не ми е јасно како можеш во 21 век да градиш архитектура која што нема врска со реалноста, значи нешто што е старо, нешто што е стиропор, нешто што е катастрофално лошо, не дај боже да удри еден катастрофален земјотрес како што било во 1963, дури тогаш ќе видиме колку е сето тоа квалитетно изградено, но да не навлегувам во тие архитектонски решенија, затоа што не сум ни вичен, ни стручен. Можам само да кажам дека тоа е будалаштина, тоа нема врска со 21 век. Ако треба да се гради нека се направи модерна архитектура којашто кореспондира со времето во коешто живееме. Не можеш да се навраќаш илјада година назад, тоа е исто како сега некој мене од владата да ме субвенционира во музиката, како што прават, поголема будалаштина од таа субвенција на музиката нема. Да ме субвенционира да правам барокна музика, замислете ме мене сега да свирам музика којашто е блиска до 17-18 век, тоа е надвор од памет, тоа не е ни кич, тоа е нешто што во кој било модерен лексикон да отворите, не можете да најдете соодветен термин, тоа е нон сенс.

Би пееле ли песна спонзорирана од владата, нешто од типот за трето дете или за убавините на земјата?

Да бидам искрен до крај луѓе од страна ми нудеа разно - разни песни, види го ова, она и еден ден отидов во МРТ да видам како тоа изгледа и видов дека за да ми дадат некакви пари, за да ми субвенционираат музика, што е вон памет, или имаш музика во себе или немаш, како тоа ќе се субвенционира некој. Отидов таму, имаше некакви правила на однесување, како јас треба да бидам ѕвезда, категорија на не знам што, викам овие се луди, сите комплетно. Јас најодговорно тврдам дека во историја на македонска популарна музика никој нема повеќе живи настапи од мене, потпишувам, најодговорно тврдам, преку 2.500 настапи сум имал, работни саати помножено со два, професионално одработени со бенд во живо, со изведување како на своја авторска музика, така и на кавери. Сум учествувал на милион настани во кои луѓето сметале дека јас требало да учествувам, сега некој да дојде и да каже, аха, тој има два концерта во Универзална или еден во Борис Трајковски и тој е во категорија ѕвезда, а ти се во не знам која категорија и тоа е една од многуте будалашните како оние барокните изданија на мостовите, каде што секој ден гледаме дека по нешто им пука. Возам точак, трчам секој ден на Кеј па ги гледам и оградите, значи смешно е. Инаку сето тоа да можеше да биде во некоја модерна варијанта, барем да ни ја затворена устата, да кажеа еве направивме, извини, но ние работиме, а ова е работење, но некако уназадување, некако ми нема логика.

Национализмот е неизоставен дел од нашиот живот. Од една страна власта троши милиони евра за кампањи за толеранција, а од друга најголемите критики доаѓаат на нејзина адреса дека токму таа го поттикнува. Како на пример утре ќе им објасните на вашите деца зошто се тепаат навивачите на Вардар и на Слога, односно Шкупи?

Арбен Бени Шаќири за национализмот
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:23 0:00

Национализмот е зло кое мора да се изнедри од двете страни подеднакво. За љубов и за војна секогаш се потребни некогаш двајца, некогаш и повеќе. Национализмот е нешто што некако е луксуз на овие балкански напатени народи коишто и после стотици илјади, милиони жртви наназад 50-100 години, не научија дека нацијата е измислена категорија за да може одредена група на луѓе да може полесно да биде диригирана, управувана, заведена од некакви политичари коишто имаат малку повеќе мозок од останатите. На моите деца секако ќе им укажам, ќе им докажам дека национализмот е зло во коешто никогаш не треба да се побараат ниту себе си, ниту да побараат некаква потпора, затоа што овие вакви судири меѓу навивачите групи, тоа е сè инструирано, тоа е инструирано, јас сум убеден дека тоа е инструирано, затоа што не треба владата да фрла пари за освестување на народот дека ние треба да живееме заедно. Кога јас и ти плаќаме ист процент на данок, значи ДДВ плаќаме купил телефон, леб, јогурт, влошки, плаќаме 18 проценти ДДВ, јас и ти сме рамноправни во оваа земја, нема тука повеќе или помалку, нема кој на кога да му ги дава или да му ги одзема правата, меѓутоа тие знаат дека ние обично сме народ, постојано тоа така го дефинирам, со врела крв, не само тука, туку и на цел Балка, и најлесно им е да играат на таа карта, но барем за себе тврдам и моите деца, а и моето пошироко семејство ниту се националисти, ниту се воспитувани така, така што и моите деца ќе бидат заштитени од тоа зло коешто модерните општества до надминаа. Не дека во Италија го нема, не дека во Германија го нема, секогаш ќе постојат зовриени глави кои што ќе сакаат да профитираат на таа карта, но тоа се мали, изолирани групи кои го имаат тоа демократско право да лаат. Кај нас е тоа некако востоличено и навлезено во секојдневието. Значи, можете со најмодерниот човек да седнете на маса, да биде космополит, да биде школуван и пак да ти ја каже онаа чуена реченица – Колата ја поправам кај еден мајстор, он е еден Турчин, како да е тоа битна ставка во муабетот, што е мајсторот, баш ми е гајле дали е Турчин или е Кинез или е Македонец или Албанец, мајсторот е човекот којшто треба да ти ја поправи колата и толку. Сè додека тоа не го искорениме во секојдневието, во секојдневните разговори да го искорениме тоа, постојано ќе ги имаме овие проблеми и тоа политичарите го знаат и тоа го искористуваат против нас. Јас и ваквите како мене, се надевам искрено дека сме доволно голема група во Македонија за да може да промени нешто, но некако ме фаќа страв, мислам дека сè уште надвладува лесно подводливата група на луѓе коишто можат да бидат седнати од политичарите и да ги злоупотребуваат, да бидат маша, инструмент за нивните повозвишени цели, така да национализмот е шит.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG