Достапни линкови

Избори догодина, за деталите во Брисел


До април следната година да се одржат предвремени избори е исходот од денешната повеќечасовна лидерска средба. Деталите треба да се договараат следната недела во Брисел. Од СДСМ брифираат дека ако тогаш не се договори преодната влада, ништо од досега договореното немало да важи.

Предвремени парламентарни избори во април следната година. Ова е единствена позната работа од договорот кој, како што соопшти, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го постигнале на лидерската средба денеска во резиденцијата на ЕУ во Скопје.

Беше договорено дека до крајот на април следната година би требало да има предвремени избори, но важно е да се подготви земјата, да се прочисти избирачкиот список, да се промени изборниот законик,
Јоханес Хан, еврокомесар.

„Беше договорено дека до крајот на април следната година би требало да има предвремени избори, но важно е да се подготви земјата, да се прочисти избирачкиот список, да се промени изборниот законик, да се почитуваат правата на малцинствата и следно многу важно е да се прифатат препораките кои се дадени од Европската комисија во насока на независноста на судството“, рече Хан.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев со својот тим.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев со својот тим.

Тој додаде дека мора да се работи во духот на соработката и неопходните политички компромиси во насока да има неопходен баланс меѓу различните групи во општеството.

Тој сепак не прецизира што друго е договорено во пакетот и каква би била таа преодна влада што би ги спровела изборите.

Се уште немаме започнато преговори, но се работи за владеењето на правото, слободата на медиумите итн. Сето ова ќе биде применето и ќе помогнеме да ја модернизираме земјата и дадеме европска перспектива“, рече Хан.
Јоханес Хан, евроамбасадор.

„Се согласивме да ја примениме методологијата која вообичаено се употребува во преговорите во поглавјата 23 и 24. Се уште немаме започнато преговори, но се работи за владеењето на правото, слободата на медиумите итн. Сето ова ќе биде применето и ќе помогнеме да ја модернизираме земјата и дадеме европска перспектива“, рече Хан.

Извори од СДСМ брифираат дека на денешната средба, што траеше повеќе од осум часа покрај изборите се разговарало и за преодна влада, но не е прецизирано во каква форма би била таа. Од таму додаваат и дека ако на 10-ти во Брисел, на состанокот на кој и според Хан треба да се постигне конечниот договор, не биде договорена и преодната влада, ништо од досега договореното немало да важи. Партиските лидери по средбата не дадо изјави повикувајќи се на тоа дека така се согласиле сите.

На средбата во ЕУ резиденцијата најрано утринава пристигнаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев со своите тимови. По неколку часовни разговори со Хан на нив им се придружија лидерите на ДУИ и на ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи а подоцна дојде и американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли.

Хан утре заминува во Соединетите Американски Државиво тридневна посета во чии рамки е предвидено да се сретне со претставници на американската администрација и на Конгресот, со кои ќе разговара за најновите случувања во земјите од проширувањето на Европската унија, со посебен акцент на резултатите од Самитот на Источното партнерство во Рига и ситуацијата во земјите од Западен Балка.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG