Достапни линкови

Неопходен е договор за излез од кризата


Аферата со прислушуваните разговори кои ги објавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев од во февруари ја окупира јавноста. Каков епилог може да се очекува од оваа афера - дали општеството и државата ќе тргнат на подобро или напротив?

На почетокот на февруари јавноста беше запознаена со аферата прислушување откако опозицијата, односно лидерот на СДСМ, Зоран Заев, започна да ги објавува таканаречените бомби. Оттогаш политичката криза се продлабочи, а засега за неа нема решение на повидок. Заев пред да почне објавувањето на бомбите порача дека откако јавноста ќе биде запознаена со доказите, премиерот Никола Груевски за три дена ќе си поднесе оставка. Но, по повеќе од месец и половина Груевски не само што не планира да поднесе оставка или, пак, некој од неговиот кабинет, туку ги отфрла разговорите како креирани.

Да не се повтори ова што досега се случувало во државата, но да биде и ветер во грб идните политичари на крај памет да не им дојде да помислат вакви работи.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Каков ќе биде епилогот од прислушувањата и дали општеството и државата ќе тргнат на подобро или напротив во спротивен правец, експертите велат дека е рано да се каже. Тоа, според нив, токму зависи од главните протагонисти во процесот и каков ќе биде договорот помеѓу власта и опозицијата. Граѓаните кои ги анкетиравме за рубриката Хајд парк ги прашавме што мислат за аудио-снимките, дали се автентични и што според нив ќе сменат во општеството и во начинот на практикување на власта во земјата.

Хајд Парк - Што мислите за содржината на прислушуваните разговори? Погледенете ја анкетата, а вашиот коментар може да го оставите овде.

Хајд Парк: Прислушувањето и мислењето на граѓаните за политичарите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Во анкетата за јавното мислење околу аферата прислушување спроведена на 1.000 испитаници од Институтот за демократија, Македонскиот центар за меѓународна соработка и телевизијата Телма, граѓаните се изјасниле дека решавањето на кризата треба да има судска и политичка разрешница. Мнозинство од испитаниците, 56 проценти, сметаат дека е потребна некаква активност на политички план која е поврзана со решавање на состојбата (предвремени избори, меѓународно посредништво, техничка Влада или реконструкција на Влада). Заев пред неколку дена на објавувањето на една од бомбите изјави дека неговата цел е Македонија да излезе како победник од целата работа.

Го гледам уплашен до даска од денешниот наш собир, побрзал порано да одржи прес. Тоа говори за него, за неговиот страв дека е фатен жив во многу работи, дека има непобитни докази за тоа кој е Зоран Заев и што тој прави, но и страв дека веќе опаѓа вниманието од неговите теми, дека времето го гази.
Никола Груевски, премиер.

„Да не се повтори ова што досега се случувало во државата, но да биде и ветер во грб идните политичари на крај памет да не им дојде да помислат вакви работи, не само за прислушувањето, туку и за суштината на овие разговори, криминалните, незаконските дејствија што ги покажуваат во јавноста да ги повторат идни донесувачи на одлуки, но истовремено да даде шанса за добра иднина во оваа наша мала, но многу перспективна земја“, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ не успеавме да добиеме коментар, но од партијата константно соопштуваат дека Заев се наоѓа во политички хаос, а Груевски на трибината во Скопје изјави дека во јавноста опаѓа интересот за бомбите на опозицијата.

Ефектите ќе бидат далекусежни, затоа што Никола Груевски и неколкуте негови соработници не само што повеќе нема да може да владеат со Македонија, туку тие повеќе нема да можат да се бават со политика, но ќе се отворат и некои други процеси, па ќе видиме што од тоа ќе произлезе.
Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

„Го гледам уплашен до даска од денешниот наш собир, побрзал порано да одржи прес. Тоа говори за него, за неговиот страв дека е фатен жив во многу работи, дека има непобитни докази за тоа кој е Зоран Заев и што тој прави, но и страв дека веќе опаѓа вниманието од неговите теми, дека времето го гази. Во тој страв ние не можеме да му помогнеме“, рече Груевски.

Според потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски најпрвин треба заврши процесот на објавувањето на материјалите за да се види какви ќе бидат ефектите од прислушуваните разговори, оти сега се наоѓаат на средина на тој процес.

Бидејќи се создаде таа клима на недоверба, клима на неверување во институции, клима на нетолеранција, дури и меѓу самите граѓани во Република Македонија, значи ние сега сме сведоци на една интеретничка поделба, внатре во македонскиот дел, каде што се прави тоа да наликува на библиската приказната за Авел и Каин.
Ѓорѓи Тоновски, социолог.

„Ефектите ќе бидат далекусежни, затоа што Никола Груевски и неколкуте негови соработници не само што повеќе нема да може да владеат со Македонија, туку тие повеќе нема да можат да се бават со политика, но ќе се отворат и некои други процеси, па ќе видиме што од тоа ќе произлезе“, вели Манчевски, кој додава и дека се задоволни од ефектите што т.н. бомби ги постигнале врз граѓаните.

Тој додава дека се задоволни од ефектите на бомбите кај граѓаните.

Завршницата на цело овој грч низ кој поминуваме како општество ќе зависи и од степенот на одговорноста со која ќе се однесуваат политичките елити.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

„Тоа го покажуваат бројните анализи и сондажи на јавното мислење што ги правиме и ние, но што ги прават и релевантни и домашни и меѓународни организации. Факт е дека граѓаните ја слушнале вистината за Македонија и факт е дека таа влијае врз нивното мислење. Далеку сме од крајот на овој процес и да го почекаме за да видиме кои сè ефекти ќе се постигнат, нам ни е битно врз граѓаните на државата“, вели Манчевски.

Социологот Ѓорѓи Тоновски вели дека досегашните ефекти од бомбите се негативни.

Да се повлечат функционерите што се служеле со методите кои се прикажани на овие снимки со нивните разговори. Тие луѓе треба да се повлечат од функција, не се тие за носење на политичка функција, а потоа ќе се разјасни, дури тогаш ќе се знае дека граѓаните победиле.
Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието.

„Бидејќи се создаде таа клима на недоверба, клима на неверување во институции, клима на нетолеранција, дури и меѓу самите граѓани во Република Македонија, значи ние сега сме сведоци на една интеретничка поделба, внатре во македонскиот дел, каде што се прави тоа да наликува на библиската приказната за Авел и Каин“, вели тој.

Дека граѓаните се поделени во однос на нивните очекувања за објективната судска завршница на аферата со прислушувањето покажува и анкетата на Институтот за демократија, Македонскиот центар за меѓународна соработка и телевизијата Телма. Според резултатите, 46 отсто од испитаниците очекуваат објективна судска завршница, а 38 проценти не очекуваат такво нешто. Кај гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ резултатите се дијаметрално спротивни. Додека приближно секој трет гласач на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ќе настапи објективна завршница на аферата со прислушувањето, секој трет гласач на СДСМ верува во спротивното. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека сè зависи од тоа како ќе заврши аферата.

„Завршницата на цело овој грч низ кој поминуваме како општество ќе зависи и од степенот на одговорноста со која ќе се однесуваат политичките елити. Ова може да има добра завршница каде што сите ние како општество ќе научиме дека вакви работи се недозволиви во едно вакво општество и општество кои тежнее да биде дел од ЕУ и НАТО или може да влеземе во уште поголем јаз меѓу двете страни, што значи зголемени тензии, а зголемените тензии секогаш даваат можност за инциденти од поголем или помал обем.

Според Муслиу, на крајот секако ќе има избори, но спорот помеѓу двете страни е токму како да се стигне до распишување на истите.

„Токму тука се крие најголемото прашање, нивната разврска со позитивни ефекти на крај од кои ние како општество ќе извлечеме некакво наравоучение е да се помине низ некоја преодна влада која ќе сработи не само внатре во институциите, туку ќе сработи и на темата на подигање на довербата на голем број на граѓани кон институциите, затоа и довербата е работа на перцепција и тоа би била најмирната, најпозитивната и варијанта со најголеми добивки“, вели Муслиу.

Политичарот со долгогодишно искуство Стојан Андов вели дека се соочува со уникатна ситуација, која не се случува често и сега засега само ќе резултира со поголема недоверба во институциите. Според Андов, ситуацијата е сосема јасна и прво треба да поднесат одговорност најповиканите.

„Да се повлечат функционерите што се служеле со методите кои се прикажани на овие снимки со нивните разговори. Тие луѓе треба да се повлечат од функција, не се тие за носење на политичка функција, а потоа ќе се разјасни, дури тогаш ќе се знае дека граѓаните победиле“, вели Андов.

Муслиу смета дека освен политичка и судска разрешница, граѓаните треба да бараат и третата разврска, односно да се воведат механизми со кои во иднина сите политички актери нема да смеат да го повторат ова и повеќе да не се случуваат вакви афери.

„Затоа што ние ако низ ова поминеме само со менување на политичките гарнитури, тогаш како општество сме ја научиле малата лекција, но не сме ја научиле големата, која ќе ги оневозможи политичките елити да не го направи ова во иднина, значи да имаме институционални механизми ова во иднина да не смее и да не може да ни се случува и тоа, според мене, би требало да биде вметнато во кое било решение, било тоа правно или политичко, треба да има и трето решение, решение во кое ќе преземат обврска да воведат, да вметнат механизми, оваа веќе да не смее да ни се случува“, вели Муслиу.

Андов додава дека граѓаните тука се немоќни.

„Ако може да се куртулат од такви работи, да ги нема, инаку мислам дека треба да се извлечат консеквенции на одговорност, треба да си понесат политичка одговорност сите што се вмешани во прислушувањето, сите што наредувале, што слушале, што злоупотребувале функции. Не е само прислушувањето грешно, многу погрешни се ставовите и политиката што е водена, а што се препознава низ прислушувањето. Тоа е она што предизвикува најголема одговорност“, вели Андов.

Тоновски смета дека крајниот ефект ќе се случи со помош на меѓународната заедница и очекува дека земјата ќе се движи во посакуваниот правец и ќе има поука и кај граѓаните и кај политичарите дека ова повеќе нема да се повтори.

„Крајниот ефект претпоставен, посакуван наш, мора да биде дека Република Македонија ќе продолжи понатаму да се развива како демократска и европска држава, нема друг краен ефект да си ја одржиме државата којашто со судни маки сме си ја направиле. Јас сум убеден дека ова е голема поука за тоа како треба да се конституира власта и на кој начин да се вршат тие кандидирања на луѓе за определени позиции и функции и не верувам дека понатаму граѓаните ќе дозволат, дури и самите политички партии и на нив не им оди во прилог, ќе дозволат да се повтори оваа ситуација“, вели Тоновски.

Вкупно 28 проценти од испитаниците сметаат дека за решавање на политичката криза се потребни предвремени избори. Скоро половина од нив велат дека тоа треба да се направи со помош на меѓународно посредништво. Секој шести граѓанин смета дека политичката криза може да се реши преку формирање на техничка Влада, а секој осми дека е потребна реконструкција на актуелната Влада за излез од политичката криза.

Заев досега објави прислушувани разговори во кои се слуша, според него како претставниците на власта договараат местења на судии, судски одлуки и подобни обвинители, како се врши промена на генерални и детални урбанистички планови, како се краделе гласови на изборите и се вршеле притисоци врз гласачите, потоа и за трошењето на буџетот за непродуктивни работи, уривањето на објектот Космос и апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG