Достапни линкови

Вработените од ЕМО Охрид ни на небо, ни на земја


Работниците од охридски ЕМО протестираат барајќи си ги заостанатите 40 плати. Ниту се вистински вработени, ниту може да се пријават како невработени.

Ние сме феномен во општеството, велат вработени во охридската фабрика ЕMO, кои си ги бараат 40-те заостанати плати и придонеси за пензиско и здраствено осигурување. Наместо да ги прехрануваме семејствата од нашите плати, тоа го правиме од пензиите на нашите родители или, пак, земаме од нашите деца, велат тие, кои од државата бараат ветувањата за решавање на нивиот статус да станат реалност.

Наместо на децава да им даваме пари, од нив земаме. Тешко е, многу тешко. Колку луѓе останавме на улица, ни плата, ни здравствено, ни ништо. Ние сме феномен невиден.
вработен во ЕМО Охрид.

„Нема ништо, ниту пари даваат, ниту статусот го решаваат. Што е работава не знаеме. Наместо на децава да им даваме пари, од нив земаме. Тешко е, многу тешко. Колку луѓе останавме на улица, ни плата, ни здравствено, ни ништо. Ние сме феномен невиден досега, овој феномен го нема никаде во светот, се водиме како вработени, а изгубени, во другите институции те нема никаде“, вели вработен во ЕМО.

„Шест години немаме здраствено осигурување, а се водиме како вработени. Како се живее, од пензиите од постарите, кај некој жените работат, но со една плата како ќе живееш“, вели вработен во ЕМО.

„Многу е лошо, ни плати земаме, многу е тешка работата“, вели вработен во ЕМО.

Слушате по медиумите дека 80 отсто од ЕМО работи, но за жал, како може да работи една институција или фирма кога нема 6-7 месеци струја, нема греење, а нема ниту работа.
Миле Крстаноски, претседател на синдикатот на ЕМО Охрид.

Што побргу да си оди, сè што ни должи да ни плати. Три години ништо не ни има платено, ни социјално, ни пенизско, ни плата ни има дадено. Добро е што стојам со здрав мозок, сите имаат попуштено. Ни во живи, ни во умрени сме. Сè е лага, сè е рекламен блок“, вели еден вработен.

Миле Крстаноски, претседател на синдикатот на ЕМО Охрид, вели дека нема никаков резултат од најавите на институциите за помош на компанијата.

„Слушате по медиумите дека 80 отсто од ЕМО работи, но за жал, како може да работи една институција или фирма кога нема 6-7 месеци струја, нема греење, а нема ниту работа. На 5 март бевме повикани од премиерот Груевски, за од прва рака да ги слушне информациите за ЕМО. Премеирот не вети конкретно ништо“, рече Крстаноски.

Вработените деновиве протестираа низ охридските улици, а најавуваат дека секој понеделник заедно со своите семејства ќе го прошират штрајкот и ќе протестираат низ Охрид.

XS
SM
MD
LG