Достапни линкови

Студентите го окупираа Универзитетот, за да го ослободат


Студентите прогласија автономна зона
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00

Студентите прогласија автономна зона

Студентите решија да го земат назад она што нив изворно им припаѓа и одлучно да прогласат автономна студентска зона или Универзитет под студентска контрола, рече Дејан Лутовски од Студентскиот пленум.

„Не сте свесни колку сме бесни“, „Свирни за демократија“, „Ако не ние кој? Ако не сега кога?, „Окупирам за да ослободам“, со вакви транспаренти во раце студентите уште еднаш порачаа дека не се откажуваат од автономијата на универзитетите.

Дејан Лутовски од Студентскиот пленум пред насобраната толпа пред платото на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, порача дека во изминатите четири месеци имале активен отпор, но и покрај тоа биле игнорирани од надлежните. Според него, тие отвараат ново поглавје во историјата на македонскиот студентски активизам.

„Студентите овој пат решаваат да го земат назад она што нив изворно им припаѓа и одлучно да прогласат автономна студентска зона или Универзитет под студентска контрола. Она што го бараме е она што ни следува, уставно загарантираната автономија која ќе ја бараме на алтернативен начин преку паралелно функционирање во рамките на Универзитетот, преку алтернативни предавања кои ќе имаат за цел критички да ги преиспитаат веќе установените догми и практики на Универзитетот.“

Она што го бараме е она што ни следува, уставно загарантираната автономија која ќе ја бараме на алтернативен начин преку паралелно функционирање во рамките на Универзитетот, преку алтернативни предавања кои ќе имаат за цел критички да ги преиспитаат веќе установените догми и практики на Универзитетот.
Дејан Лутовски, Студентски пленум.

Тоа според Лутовски, е само адекватен одговор на паранормалното функционирање на високото образование, кое со последните измени го достигнал врвот на апсурдот.

„Сево ова е во насока на каприцот на владеачката елита да си скрои образование по сопствена мерка без да си го дозволи луксузот за било каква јавна дебата или спротивставено мислење.“

Од Студентскиот пленум порачаа дека се скептични за попустливоста на власта и оти со ништо не се гарантира дека она што е ветено, ќе биде исполнето, а тоа е усвојување на нов закон за високо образование.

„Новиот закон не треба да биде цел само по себе, туку треба да ги отсликува реалните потреби во високото образование

Тие побараа потпишување на спогодба помеѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование и наука со цел загарантирано учество на Студентскиот пленум во креирањето на новиот закон. На крајот студентите беа повикани да влезат во факултетите кои се во состав на УКИМ и да ги окупираат објектите. Тие поставија шатори и порачаа дека нема да си одат од факултетите додека не им се исполнат нивните барања. Воедно упатија повик до сите граѓани доколку сакаат да им помогнат да им достават кебиња, храна и санитарни материјали.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG