Достапни линкови

Поделби во новата Евроазиска економска унија


Поделби во новата Евроазиска економска унија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

Поделби во новата Евроазиска економска унија

Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан формираа Евроазиска економска унија чија цел е зацврстување на нивното интегрирање. Сепак, како што наведуваат новинските агенции, веднаш била забележлива нивната неединственост.

На состанокот во Москва меѓу лидерите на овие земји, на кој и Киргистан го потпиша договорот за приклучување кон Евроазиската унија, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко остро ја критикувал Москва за нарушување на белоруските економски интереси со тоа што го ограничува нејзиниот извоз во Русија.

Белорусија се наоѓа меѓу Русија од една, и Полска и Литванија кои се членки на Европската унија од друга страна.

Таа досега добро профитираше од руската забрана за увоз на храна од Европската унија, така што почна да увезува храна од европските земји која потоа је извезувала за Русија.

Официјална Москва на тоа реагираше со забрана на увоз на млеко и месо од Белорусија, наведувајќи санитарни причини за тоа.

Спротивно на сите меѓународни правила се соочивме со забрана на транзит. Тоа е направено еднострано и без никакви консултации.
претседателот на Белорусија Александар Лукашенко

Русија исто така забрани транзит преку нејзина територија на белорускa храна за Казахстан, поради сомневање дека таа би завршила на руските пазари.

„Спротивно на сите меѓународни правила се соочивме со забрана на транзит. Тоа е направено еднострано и без никакви консултации“, изјави белорускиот претседател Лукашенко.

По разговорите во Москва, претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев сугерираше дека руската изолација од Западот поради украинската криза создава тензии меѓу Москва и нејзините најблиски партнери.

Евроазиската унија официјално ќе стартува на 1 јануари 2015 година и ќе овозможи слободна трговија меѓу земјите членки, ќе ги координира нивните финансиски системи и ќе ги усогласува индустриските и земјоделските политики заедно со пазарите на труд и сообраќајните мрежи.

Русија се обиде да ја охрабри Украина да и се приклучи на Евроазиската унија, но главниот приврзаник, екс-претседателот Виктор Јанукович по неколку месечни протести во февруари годинава беше соборен од власт.

Русија потоа го анектира украинскиот полуостров Крим, а истокот на Украина е зафатен со борби меѓу проруските бунтовници и украинските сили.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека заедничкитe ефекти на новата Унија ќе изнесуваат околу 4,5 билиони долари во пазар што ќе го сочинуваат 170 милиони луѓе.

„Евроазиската унија е заснована врз меѓусебна полза и ги зема предвид заедничките интереси на нејзините членки“, изјави Путин.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG