Достапни линкови

Нема мед ниту за лек


macedonia - Beekeeper of Bitola.
macedonia - Beekeeper of Bitola.

За 80 проценти помалку мед има во битолско, во споредба со претходните сезони, велат пчеларите. Како резултат на тоа сега медот се продава поскапо.

Во последните десет години пчеларите не паметат полоша година од оваа. Се жалат дека произведените количини се намалени дури за 80 проценти во споредба со претходните сeзoни. Десеткуваниот род се должи на неповолните временски прилики, вели Пеце Чавдаровски, претседател на здружението на пчелари „Нектар“ од Битола. Ваквата состојба, додава тој, влијаеше и врз покачувањето на продажната цена на овој еколошки производ.

Тоа за 80 проценти ги намали проносите. Цената на медот е поскапена, па тегла од еден килограм чини 300 денари.
Пеце Чавдаровски, претседател на здружението на пчелари „Нектар“ од Битола.

„Намален е приносот во пчеларството оваа година, односно намалено е производството на мед за оваа сезона. Причините се различни, но најголем виновник е влажното време. Тоа за 80 проценти ги намали проносите. Цената на медот е поскапена, па тегла од еден килограм чини 300 денари“, вели Чавдаровски.

Недостигот на мед, ќе се одрази и врз прихранувањето на пчените семејства во текот на престојната зима. Кај одделни пчелари произведените количини мед се толку мали, што ќе бидат недоволни за храна на пчелните семејства. Медот е природна храна за прихрана на пчелите за разлика од други додатоци.

Ако нема доволно храна, пчеларот треба да ги прихрани за да ја презимат зимата. Најдобра храна за пчелите е медот.
Менде Трајковски, пчелар од Битола.

„Ако нема доволно храна, пчеларот треба да ги прихрани за да ја презимат зимата. Најдобра храна за пчелите е медот, но ако го нама во доволни количини тогаш треба да се интервенира со прихрана со шеќер или со сирупи, тоа е нова храна од Романија донесена. Таа е доста квалитетна и некои ја користат. Но, мора да се надополни залихата од храна што ја нема за пчелното семејство да презими“, вели Менде Трајковски, пчелар од Битола.

Веќе десетина години пчеларството во Македонија е погодено од глобалното затоплување. Пред две години угинаа голем дел од пчелните семејства поради суровата зима, лани беа погодени од сушата, па приносите беа преполовени, а годинава данокот е најголем. Како што се напластуваат прблемите предизвикани од климатските услови од година во година, така расте и цената на медот. Само до 2012 година еден килограм од оваа здрава храна изнесуваше 220 денари, лани цената се искачи на 250, а годинава достигна рекордни 300 денари.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG