Достапни линкови

Скијачот Ристевски со големи амбиции во новата сезона


Антонио Ристевски.
Антонио Ристевски.

Скијачот Антонио Ристевски, минатата сезона, ги помести границите, кога се во прашање најдобрите резултати во овој спорт кај нас. Сега со уште поголеми амбиции го очекува стартот на новата сезона. Во неа, главен настан ќе биде Светското првенство во Бивер Крик, каде што Ристевски посакува повторување на резултатот од Сочи.

Скијачот Антонио Ристевски, во минатата сезона, ги помести границите, кога се во прашање најдобрите резултати во овој спорт кај нас. На почетокот, стана првиот Македонец со исполнета олимписка норма, за настап во алпските дисциплини (слалом и велеслалом), по што на слаломската трка на Зимската олимпијада во Сочи, го освои 29-тото место. Покрај тоа, триумфира и на две ФИС трки, па на крајот на сезоната се искачи на 271-вото место на светската ранг листа (со 22,99 бодови), што е, исто така, најдобар пласман на еден македонски скијач досега.

Со овие успеси, 25-годишниот Антонио ги надмина сопствените очекувања, па затоа сега со уште поголеми амбиции го очекува стартот на новата сезона. Во неа, главен настан ќе биде Светското првенство во Бивер Крик (САД, од 4-ти до 14-ти февруари 2015-та година), каде што Ристевски посакува повторување на резултатот од Сочи.

Па, пред се врвот на сезоната ќе биде СП. Таму има исто квалификации. Пред се, да се квалификувам прво како што е редот во првите 25 на квалификациската трка, а за останатиот дел од сезоната очекувам секако добри резултати, пред се на ФИС натпреварите.

На почетокот на годината постигна историски резултати кога е во прашање македонското алпско скијање (29-ти во слалом на ЗОИ во Сочи и 271-ви на ранг листата на ФИС). Од оваа временска дистанца како ги доживуваш овие успеси? Дали беа очекувани или те изненадија можеби?

Па може да се каже на некој начин, не дека ме изненадија, но, беа добредојдени, бидејќи сепак, секој се надева на некој подобар резултат. Јас исполнив нешто што не беше и дотолку очекувано. Сепак, Олимпијадата беше тој доста добар резултат 29-то место. После на крајот на сезоната бев 271-ви на ранг листата. Така што, добри беа резултатите. Се очекуваше нормално, значи како секоја година очекуваме што е можно повеќе и што е можно подобри резултати. Доста сме задоволни и го остваруваме тоа што го имавме зацртано за целата сезона.

Ова ќе биде веќе шесто СП за мене, но пред се сакам да искијам како што треба да го покажам моето најдобро. Но, нормално се надевам и сакам и сечија желба е пласман во првите 30.

Како течат подготовките за новата сезона и како ќе се одвиваат во наредниот период?

Подготовките засега течат во најдобар ред. Доста добри услови имаме во Хинтертукс во Австрија, каде што се подготвуваме и секоја година. Добиваме добри патеки. Летово го поминав цело време во тренажен процес. На базичните подготовки и „сувите“ тренинзи одработивме се што беше зацртано, како што оди програмата. Доста добро се подготвив за тој период, сега останува скијањето да го одработиме до крај, тренинзите до крајот на ноември и веќе во декември да почнеме со првите натпревари. Чисто да пробам подлогата, осетот, натпреварувачите кои се таму. Значи да го осетам „филингот“ меѓу нив и чисто како еден почеток на сезона, бидејќи сепак, беше поминат еден период и секоја година треба малку да се навикнувам

Какви резултати очекуваш сега во новата сезона?

Па, пред се врвот на сезоната ќе биде СП. Таму има исто квалификации. Пред се, да се квалификувам прво како што е редот во првите 25 на квалификациската трка, а за останатиот дел од сезоната очекувам секако добри резултати, пред се на ФИС натпреварите. Значи, подобрување на моите ФИС поени за светската ранг листа. И ќе настапиме на неколку Европски купови, на некои Светски купови, па очекувам, и од тие пред се Европски купови подобри резултати. Најпрво, пласман во првите 60 за да стартувам и во второто возење, а секако, нормално, сакаме и се надеваме на први 30 во второто возење за веќе да можам да добијам некој поен во Европски куп.

Се надеваме дека ќе немаш проблем да извадиш виза за настап на СП. Мeѓутоа, на каков пласман се надеваш на трките на Мундијалот?

Ова ќе биде веќе шесто СП за мене, но пред се сакам да искијам како што треба да го покажам моето најдобро. Сепак, рано е уште да се зборува за тоа, бидејќи уште е почеток на сезона, тренинзите моментално ми траат. Но, нормално се надевам и сакам и сечија желба е пласман во првите 30.

XS
SM
MD
LG