Достапни линкови

Избори во Босна и Херцеговина


Во БиХ се одржуваат парламентарни избори за сите нивоа на власт. Граѓаните избираат членови на Претседателството на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ и во Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, пратеници во Народното собрание на Република Српска, претседател и потпретседател на Република Српска и пратеници во десет кантонални Собранија во Федерацијата БиХ.

Граѓаните во Босна и Херцеговина денеска гласаат на осмите парламентарни демократски избори од 1990 година. Право на глас имаат 3,2 милиони граѓани, кои може да бираат меѓу 7.743 кандидати за 518 места. Надлежните велат дека и во техничка и во безбедноста смисла се подготвени за избори.

На изборите се бираат и тројца членови на Претседателството на БиХ, по еден од секој конститутивен народ. Избирачот запишан во Централниот избирачки список во Федерацијата, може да гласа или за Бошњак или за Хрват, но не и за двајца, а избирачите од Република Српска бираат само член на Претседателството, но само од редот на српскиот народ.

На изборите се бираат и тројца членови на Претседателството на БиХ, по еден од секој конститутивен народ. Избирачот запишан во Централниот избирачки список во Федерацијата, може да гласа или за Бошњак или за Хрват, но не и за двајца, а избирачите од Република Српска бираат само член на Претседателството, но само од редот на српскиот народ. На ниво на БиХ се бираат и 42 пратеници за Претставничкиот дом на Парламентарното собрание.

Во Федерацијата, граѓаните бираат пратеник за Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата и пратеници за 10 кантонски собранија. Во Република Српска гласачите бираат претседател и потпретседател и пратеници за Народното собрание.

Властите во БиХ велат дека ги преземале сите мерки изборите да поминат мирно и без инциденти.

На овие избори проблем може да имаат граѓаните од Брчко, кои според законите на БиХ, требало да се определат кое е нивното етничко државјанство. Без тоа, оние кои не ги промениле нивните лични документи и без да се одлучат за едното или за другото државјанство, нема да може да гласаат на овие избори.

После четири годни, право да гласаат имаат мостарци, кои на локалните избори во 2012 останаа единствените во БиХ кои немаа право на глас. Поради неуставниот статус на Мостар, тие тогаш не гласаа.

Овие избори ќе ги набљудуваат повеќе од 8.000 набљудувачи.

Од Централната изборна комисија соопштија дека првите неофицијални резултати ќе бидат објавени на полноќ и тоа резултатите за членови на Претседателството на БиХ, додека прелиминарните резултати на другите нивоа на власт ќе бидат познати на 13 октомври.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG