Достапни линкови

Кривични пријави против 14 судии и 11 судски службеници


Со неизвршување на својата службената должност, судиите и службениците на Буџетот на му нанеле штета од над 1,3 милиони евра.

Министерството за внатрешни работи денеска поднесе кривични пријави против 14 судии и 11 судски службеници од прекршочното одделение на Основниод суд Скопје 1 за злоупотреба на службена положба во 2012 година и првите три месеци во 2013 година. Претпладнето беа уапсени и изведени пред јавниот обвинител 24 луѓе, а во тек е постапка за приведување на уште еден судија.

Со неизвршување на својата службената должност на Буџетот на РМ му нанеле штета од значителен износ од 1.308.515 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3.773.500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.

„Постапувајќи по прекршочни предмети што се примени во Судот во текот на 2010, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, со неизвршување на својата службената должност на Буџетот на РМ му нанеле штета од значителен износ од 1.308.515 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3.773.500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал“, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Судиите и вработение во Судот, како што објасни министерката, се сомничат дека со заеднички договор и посредство ги воделе постапките без обвинетите да се појават на рочиштето и констатирале дека истите се недостапни за судот. Целта, тврди Јанкулоска, им било да помине подолг временски период и постапката да се раздолжи, а најчесто судијата во законски утврдениот рок носел осудителна пресуда и изрекувал глоба па така го преставувал случајоти во месечниот извештај.

Судијата донесената пресуда ја чувал кај себе подолг временски период односно до периодот после застарување на делото.
Гордана Јанкулоска.

„Наместо да ја верификува и експедитира пресудата во прекршочната писарница, со што таа би станала правосилна по предвидениот рок за жалба, а подоцна и извршна, судијата донесената пресуда ја чувал кај себе подолг временски период односно до периодот после застарување на делото. Откако истото ќе застарело ја верификувал и доставувал во писарницата. Исто така судските службеници примерок од пресудата по налог на судиите дставувале само до подносителот на пријавата, а не и до обвинетиот“, рече Јанкулоска која додаде дека повеќе од осум илјади предмети биле застарени на овој начин.

Во текот на истрагатата што ја спровело министерството се утврдило дека не секогаш одолговлекувањето на постапката било наплаќано од осомничените и оти во некои случаи се работело и за лична услуга.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG