Достапни линкови

Затворен пазар за отворени несогласувања во Охрид


Советот на Општина Охрид.
Советот на Општина Охрид.

Охридската опозиција обвинува дека новиот тендер за затворен пазар е на штета на Општина Охрид, а во корист на приватниот партнер. Власта се брани дека тендерските услови се олеснети за да се јават повеќе заинтересирани.

Со проектот за изградба на затворен зелен пазар, власта во Охрид ќе му ја нанесе најголемата економска штета на градот досега, обвинува опозицијата во Охрид. Опозиционерите велат дека условите за изградба на пазарот со новата физибилити студија биле стокмени по мерка на приватниот партнер, а на штета на општината, иако на првиот тендер за овој проект не се јавила ниту една заинтересирана страна.

На овој начин се раскрчмува имотот на Општина Охрид. Очигледно е дека локалната самоуправа, градоначалникот, сакаат на мала врата да протуркаат точки кои се од витално значење на Охрид без некоја поширока дискусија и без јавноста да биде запознаена за што се работи.
Јоне Станкоски, советник од ВМРО-НП во Општина Охрид.

Општина Охрид од проектот ќе добие само 200 метри квадратни деловен простор, 10 паркинг места и тезги, а најатрактивното земјиште ќе го земе приватниот сопственик. Со одлуката за јавно приватно партнерство за затворен пазар фактички се раскрчмува имотот на Општина Охрид, вели Јоне Станкоски од ВМРО-НП.

„Со ова губи Општина Охрид, односно губат граѓаните на Охрид, затоа што на овој начин се раскрчмува имотот на Општина Охрид. Очигледно е дека локалната самоуправа, градоначалникот, сакаат на мала врата да протуркаат точки кои се од витално значење на Охрид без некоја поширока дискусија и без јавноста да биде запознаена за што се работи“, рече Станкоски.

Сега со новата изменета физибилити студија овие услови ги олеснуваме со цел да предизвикаме што повеќе приватни лица да се јават на самиот тендер. Овој пат очекувам успешен тендер и да започнуваме со изработка на проектот.
Димитар Спасески, секретар во Општина Охрид.

Јован Стојаноски, советник од СДСМ, вели дека како советници и партија не можеле да се сложат со податокот дека при поделбата на имотот од новиот пазар, Општина Охрид ќе добие само околу 15 отсто од имотот, а приватниот партнер 85 отсто, иако општината учествувала со 45 отсто од средствата предвидени за инвестицијата.

„Ние сме советници на Општина Охрид и сме задолжени да го штитиме интересот и имотот на Општина Охрид, а во оваа нова физибилити студија се влошени условите на јавниот партнер во корист на приватниот партнер, а тоа е општината. Она што тие го бранат како став е дека никој не се јавил од приватните партнери за да конкурира, односно дека на тендерскиот повик немало интерес во поглед на инвестирањето во градскиот пазар. Во оваа физибилити студија уште повеќе се влошуваат условите. Не можеме да се сложиме дека ова е направено во интерес на општината и граѓаните на Охрид“, вели советникот Јован Стојановски.

Ова е безуспешен обид на опозицијата да се лаже јавноста со изнесување небулозни тврдења и обиди за правење мистерија од една јавна и транспарентна постапка, реагираат локалните власти. Според нив, тврдењата дека некој намерно го пропаднал првиот јавен повик за намерно да го обезвредни општинскиот имот е најблаго речено смешна, бидејќи општинскиот имот во Охрид е целосно обезвреднет и ставен под хипотека како гаранција за непотребно земани кредити во годините кога денешната опозиција владееше со Охрид.

„На првиот тендер намерно сакавме да одиме со максимален износ на квадратурата која дополнително би ја добиле. 100 проценти од долниот дел на пазарот останува на јавното претпријатие, единствено што е дискутабилно во физибилити студијата беше првичниот план, а тоа се 20 паркинг места за ЈП, а на горниот спрат наддавањето требаше да започне од 700 квадрати. Сега со новата изменета физибилити студија овие услови ги олеснуваме со цел да предизвикаме што повеќе приватни лица да се јават на самиот тендер. Овој пат очекувам успешен тендер и да започнуваме со изработка на проектот“, рече Димитар Спасески, секретар во Општина Охрид.

XS
SM
MD
LG