Достапни линкови

Случајот Куртишова ја вознемири јавноста


Македонска актерка не може во странство оти е Ромка
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:07 0:00

Македонска актерка не може во странство оти е Ромка

Најмногу коментари на нашата интернет страница има за информацијата дека македонската гранична полиција не ѝ дозволила на актерката Емра Куртишова да излезе од државата.

Понекогаш е потребна само искра да потпали оган, како во случајот со младата актерка, Ромка, Емра Куртишова, на која македонската гранична полиција не ѝ дозволи да излезе од државава. Во огромниот број ваши пораки и коментари на нашата веб-страница, покажувате храброст отворено да проговорите за некои состојби за кои сите знаеме и ги гледаме, ама, ете, си молчиме.
Не е Македонија таа што е фашистичка туку Европа, со тоа што не ги сака Ромите.
Коментар од читател.

Тања од Прилеп кажува за нејзините перипетии со билет во еден правец и поканата за в полиција дури по 10 дена, а таа веќе била надвор од државава. Кико пишува дека никој не бега од убавина и дека за Ромите, конкретно, не постојат човекови права. Кико кажува и дека во Италија, на пример, нема само Роми, туку и Албанци од Македонија, а за Македонците чаре била Бугарија. Бонд од Германија ѝ пишува на Емра дека постапката била само за да можат нашиве да им кажат на Германците дека вратиле некого и дека треба да ја тужи државата Македонија и да се пожали во германската амбасада.
Потребна и е помош на опозицијата и од нас, самомислечкиот граѓанин, граѓанин кој партиски е неопределен, а не има такви.
Коментар од читател.

Меѓу многубројните пораки на поддршка, само МКД смета дека не се виновни македонските власти, туку Германците го барале тоа, па тие биле фашисти и дискриминатори. Тони од Скопје напишал: „Емра, терај до крај. Ниско се чувствувам додека го гледам ова. Само храбро - до крај!“

Неделното интервју на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, во кое зборува за актуелните политички состојби во државава и за намерите да распише референдум на кој граѓаните на оваа општина ќе се изјаснат дали се за проектот Скопје 2014 или не се и потоа некои од спомениците да се дислоцираат предизвикало различни реакции - Перо од Скопје се согласува со зборовите на Жерновски дека на опозицијата ѝ е потребна помош и од самомислечките граѓани, кои не се партиски определени, а Анонимен смета дека на целата опозиција ѝ треба навистина добра стратегија, не само да вади афери, не само да критикува, туку и да понуди нешто. Но затоа некој Де тврди дека и Жерновски нашол начин да заработи со дислоцирањето на спомениците, а некој потпишан со Македонија од Куманово дури му се заканува, со недоличен речник, „Жерновски, почни да рушиш споменици, па ќе ги видиш Македонците!“ За Фатете се за работа, градоначалникот не е избран „да распоредува намештај“, како што напишал, туку да решава и санира реални проблеми со дотрошени градби, комуналии, загаденост.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG