Достапни линкови

Изградбата на новиот водовод во Тетово на пауза


Архивска фотографија: Граѓани на Тетово полнат вода во шишиња.
Архивска фотографија: Граѓани на Тетово полнат вода во шишиња.

Иако на крајот на минатата година и централната и локалната власт објавија дека во буџетот се предвидени средства за новиот водовод, годинава нема продолжување со градењето.

Пролетните и летните месеци, иако важат за време кога може да се изведуваат градежни работи, не беа искористени од Општина Тетово да се продолжи доградбата на новиот водоснабдителен систем, со што подолгорочно треба да се надмине недостигот на вода за пиење, кој е децениски проблем во градот под Шар Планина. Иако на крајот на минатата година и централната и локалната власт објавија дека во буџетот се предвидени средства за новиот водовод, годинава нема продолжување со доградувањето.
Во однос на водоводот, јас формирав 10-члена комисија која што беше неколку дена на лице место за да направи извештај во однос на тоа што требало да се направи и што е сработено. Тој извештај, кој ќе биде детален, ќе го објавиме. Значи, знаеме на што сме.
Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.


Водоводот се градеше во 2012 и 2013 кога активностите запреа поради локалните избори, но и по истекот на првите шест месеци од годинава, нема градежни дејствија.


Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, речиси година и половина откако ја презеде функцијата од претходникот Сади Беџети, прашањето зошто не се продолжува со доградбата на новиот водоснабдителен систем го објаснува со тврдење дека сè уште се спроведуваат технички и документациски процедури.

„Во однос на водоводот, јас формирав 10-члена комисија која што беше неколку дена на лице место за да направи извештај во однос на тоа што требало да се направи и што е сработено. Тој извештај, кој ќе биде детален, ќе го објавиме. Значи, знаеме на што сме“, вели Теута Арифи.
Во текот на оваа недела на координативен состанок со претставници на Владата, ние како општина ќе инсистираме и мислиме дека ќе ни биде прифатено без губење време да се продолжи таму каде што треба да се работи на водоводот.
Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.


Новиот водоснабдителен систем претставува трајно решение за недостигот со вода. Во водоводната мрежа треба да има дополнителни 250 литри вода во секунда. Вода ќе се зема од планински реки, а потребно е да се постават цевки во должина од 8 километри и да се изгради филтер станица.

„Во однос на фактот дека за 2014 Владата има одвоено буџетски средства, како што сме информирани од Министерството за екологија, веќе е завршен процесот за избор на понудувач. И во текот на оваа недела на координативен состанок со претставници на Владата, ние како општина ќе инсистираме и мислиме дека ќе ни биде прифатено без губење време да се продолжи таму каде што треба да се работи на водоводот“, вели Арифи.

Дарежливоста на планинските извори со вода овозможува во периодот од април до крајот на август да нема проблеми во водоснабдувањето. Недостиг почнува да се јавува редовно кон крајот на август. Се намалува издашноста на изворите на вода, а проблем е и нерационалното користење. Потоа од август цела есен и зима се воведуваат рестрикции.
XS
SM
MD
LG