Достапни линкови

Нема ниту најава за прогласување на Шар Планина за национален парк


Илустрација: Попова Шапка.
Илустрација: Попова Шапка.

Да се прогласи Шар Планина за национален парк е идеја стара со децении, но исто толку време се чека почнувањето на реализирањето на оваа замисла.

Се проценува дека на Шар Планина постојат 1.500 видови растенија од кои 150 ендемски. Со прогласување на Шар Планина, Македонија ќе добие уште еден, четврти национален парк.
Мора да се изработи студија за валоризација. Значи таа студија е основа за да ние определиме кои делови од Шара кои ние ќе ги прогласиме за заштитени. Аплициравме за средства, во преговори сме, очекуваме да добиеме.
Влатко Трпевски, Министерство за животна средина.

Да се прогласи Шар Планина за национален парк е идеја стара со децении, но исто толку време се чека почнувањето на реализирањето на оваа замисла. Истовремено голем е бројот на разни студии и трибини на кои се зборува во истата насока - заштитата на природните вредности на Шар Планина.

Сепак во Министерството животна средина и просторно планирање признаваат дека воопшто не знаат кога и како би почнала процедурата за прогласување на Шар Планина за национален парк.
Шар Планина зиме.
Шар Планина зиме.

„Крајни рокови сè уште немаме одредено, но во постапка е. Имаме некои мали студии досега изработено, но тоа не е доволно за да можеме да определиме која е вредноста на Шар Планина. Мора да се изработи студија за валоризација. Значи таа студија е основа за да ние определиме кои делови од Шара кои ние ќе ги прогласиме за заштитени. Аплициравме за средства, во преговори сме, очекуваме да добиеме“, вели Влатко Трпевски, раководител на секторот природа, надлежен за националните паркови во Македонија.
Јас мислам дека тоа е најмалиот проблем што може да постои, бидејќи тоа може да биде само изговор. Еве долго време се одвиваат странски проекти кои можат да финансираат изработка на таква студија, тоа не е проблем.
Љупчо Меловски, универзитетски професор.

Професор Љупчо Меловски од Институтот за биологија, кој е автор на голем број трудови и студии поврзани животната средина, смета дека изработката на студија не е голем проблем, туку сè е до волјата на луѓето по институциите и воопшто во Македонија - дали се сака конечно да се почне тој процес.

„Јас мислам дека тоа е најмалиот проблем што може да постои, бидејќи тоа може да биде само изговор. Еве долго време се одвиваат странски проекти кои можат да финансираат изработка на таква студија, тоа не е проблем“, оценува Меловски.

Одолговлекувањето, заедно со тоа што луѓето своеволно сечат дрва, градат објекти и недоволно се грижат за животната средина, може сериозно да наштети на богатата природна разноликост на Шар Планина, што всушност треба да се заштити со прогласувањето национален парк, вели професор Меловски.

„Секое задоцнување значи деградација на природните вредности. Е сега, работата е што би се случило и после прогласувањето. Дали ќе има ефикасни мерки да се заштити биолошката разновидност или не“, истакнува Меловски.

Првичните проценки на експертите се дека паркот би се простирал на 50 илјади хектари. Со оглед дека на косовска страна, Шар Планина од 1986 година е национален парк, овој предел ќе добие 100 илјади хектари заштитена природа.
XS
SM
MD
LG