Достапни линкови

Министерските места поважни од евроинтеграциите


ДУИ на конгресот ќе разговара за кадровските решенија за функциите. Евроинтеграциите, како декларативна заложба, оставени за подоцна, оценуваат дел од аналитичарите.

По сè изгледа денешниот конгрес на ДУИ нема да отиде подалеку од занимавање со кадровската политика на партијата. Уште пред неговото одржување, ДУИ најавува одржување нов за три месеци, како што најавија партиски извори, за политичките насоки и идното дејствување на партијата. Засега оттаму стојат најавите дека евроинтеграциите се нивната главна определба и задача на делување и во новата Влада.
Суштината е дека декларативно и ВМРО-ДПМНЕ ќе се појави со истата тема таа за евроинтеграции, а и ДУИ ќе нема друг избор освен за евроинтеграции, така што тоа е едно купување на време и освежување на политиката со ич ништо.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

„Суштината е дека декларативно и ВМРО-ДПМНЕ ќе се појави со истата тема таа за евроинтеграции, а и ДУИ ќе нема друг избор освен за евроинтеграции, така што тоа е едно купување на време и освежување на политиката со ич ништо“, вели аналитичарот Алајдин Демири.

Веќе и по најавата за одржување нов конгрес по самитот на НАТО во септември, ДУИ најавува дека од интегрирањето во НАТО нема ништо, анализира Демири, а партијата ќе се обиде да внесе нова свежина во темата европски и евроатлантски интеграции. Но, ДУИ, според последните изјави, не се откажува од надежта врзана за Кардифскиот самит и го повикува меѓународниот фактор да изврши притисок за да се изнајде компромис во спорот за името. Нивниот коалициски партнер, ВМРО-ДПМНЕ, во јавноста настапува со изјави дека постојат крупни разлики со ДУИ околу ова прашање и дека на Албанците не им е толку важен квалитетот на решението. На овој начин двете партии кои ќе ја сочинуваат Владата ќе ја продолжат политичката игра, сметаат експертите.
Во однос на европските интеграции, намерата на ДУИ е декларативна, значи ниту имаат капацитет кадровски, ниту потенцијал, СЕП еве тие го раководат веќе подолго време, од 2011, но не напреднавме воопшто.
Никола Дујоски, универзитетски професор.

„Во однос на европските интеграции, намерата на ДУИ е декларативна, значи ниту имаат капацитет кадровски, ниту потенцијал, СЕП еве тие го раководат веќе подолго време, од 2011, но не напреднавме воопшто“, посочува професор Никола Дујоски.

Извесните лоби информации со кои ДУИ сака да остави впечаток на поголема информираност за евентуалното забрзување на нашите интеграции се самобендисани контакти што тие ги користат како единствено алиби на политичко делување, додава Демири, доколку повеќе што, како што вели, тие не прават ништо за засилување на државното делување како целина што е единствено потребно за постигнување реален напредок. Од друга страна, како што анализира Дујоски, ниту во изборната кампања кај ДУИ не доминираше темата на евроинтеграциите. Останува најбитно да се реши спорот за името, а тука ДУИ нема да може да помести ништо и коалицијата ќе функционира мирно како и досега, заклучуваат експертите.
XS
SM
MD
LG