Достапни линкови

МПЦ не беше поканета на осветувањето на „Воскресение Христово“ во Тирана


Oсветување на Соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана
Oсветување на Соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана

МПЦ не беше меѓу поканетите православни цркви кои во Тирана во неделата присуствуваа на осветувањето на Соборниот храм „Воскресение Христово“ од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

МПЦ не беше меѓу поканетите православни цркви кои во Тирана во неделата присуствуваа на осветувањето на Соборниот храм „Воскресение Христово“ од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј. Иако на овој настан беа присутни речиси сите помесни православни цркви од регионот и пошироко, меѓу кои ерусалимскиот патријарх Теофил Трети, српскиот патријарх Иринеј, претставници на Руската православа црква и други. Ова доаѓа во време кога МПЦ-Охридска Архиепископија, иницира желба да продолжат разговорите со Српската православна црква.
Ние таму не бевме поканети официјално и ако не сте канети не е пожелно ниту да одите. Знаете во каква состојба се наоаѓа во нерегуларен однос со останатите помесни православни цркви и според тоа немаме право да се лутиме ниту на домаќините, ниту на другите што не не поканиле.
Владика Тимотеј.


Владиката Тимотеј вели ако за нешто не сте добиле покана тогаш не е пожелно ниту да одите таму. Не одговори директно дали ова може да значи чекор кој може да ги одврати назад од преговорите.

„Ние таму не бевме поканети официјално и ако не сте канети не е пожелно ниту да одите. Знаете во каква состојба се наоаѓа во нерегуларен однос со останатите помесни православни цркви и според тоа немаме право да се лутиме ниту на домаќините, ниту на другите што не не поканиле. Но албанската православна црква има коректни односи со нас и ние пред еден месец бевме на средба со нивниот архиепископ и не прими на многу достоинствен начин“, вели Тимотеј.

Тимотеј не сакаше да коментира и дали не поканата можеби е под притисок на СПЦ.

„Не би можел да кажам и да го коментирам тоа, тоа е нивно право. Тоа е право на домаќинот кого ќе кани“, речеТимотеј.

Македонците во Албанија велат дека се повредени од односот на Албанската црква. Васил Стерјвоски од Македонската партија за европска интеграција за Радио Слободна Европа вели дека за нив е неразбирлив ваквиот однос.

„На осветувањето на храмот присуствуваа скоро сите православни цркви во регионот и светот и несфатливо да нема делегација од МПЦ од фактот што во Албанија живее голема заедница на Македонци со православна вероисповест и со ова се повредени верски чувствата на македонската заедница во Албанија, но и на самата црква и на македонскиот народ.“

Стеројски вели дека ќе бараат одговор и објаснување од Албанската црква зошто не беше поканета МПЦ.

„Ние ќе побараме одговор од Албанската православна црква во иднина на вакви манифестации да се канат македонски делегации.Ние бараме и од Албанската црква да ја признае МПЦ бидејки во Албанија живеат голем број на македонци кои се под јуриздикција на Албанската православна црква“, вели Стерјовски.
XS
SM
MD
LG